Свет
Вулканскиот облак воопшто не постоел
Британскиот воздушен простор бил затворен под лажни објаснувања, а сателитските снимки откриваат дека над целото подрачје на Велика Британија никаде немаше вулкански облак со прашина.
Британскиот воздушен простор бил затворен под лажни објаснувања, а сателитските снимки откриваат дека над целото подрачје на Велика Британија никаде немаше вулкански облак со прашина. Небото над Велика Британија мируваше шест дена, а дури 500.000 Британци останаа „заглавени“ на аеродромите ширум светот, додека загубите на авиокомпаниите се проценуваат на стотици милиони фунти. Според најновите податоци, облак како оној за кој се зборуваше, никаде не постоел, а слојот прашина од исландскиот вулкан е толку тенок што на ниту еден начин не можел да го загрози воздушниот сообраќај. Сателитските снимки над Велика Британија покажуваат небо без никакви облаци, па дури и оние од вулканско потекло. Британските медиуми иронично наведуваат дека новите информации ќе ги воодушеват илјадниците Британци кои потрошија многу време и пари чекајќи нормализација на летовите кон Британија. Сателитските снимки кои прикажуваат чисто небо, ќе ги искористат авиокомпаниите како доказен материјал против Владата во Лондон за добивање надомест за претрпената штета. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

