Свет
Нафтената дамка му се приближува на американскиот брег
Ново истекување на нафта од платформата, што потона пред една недела во Мексиканскиот залив, а нафтената дамка му се приближува на брегот на САД побргу од очекуваното
Ново истекување на нафта од платформата, што потона пред една недела во Мексиканскиот залив, а нафтената дамка му се приближува на брегот на САД побргу од очекуваното.
Од потонатата платформа нафтата истекува пет пати побрзо од очекуваното и покрај напорите на властите, кои вчера запалија дел од дамката, црната плима веќе денеска би можела да стаса до брегот на Лујзијана и да предизвика голема еколошка катастрофа.
Платформата, кој содржи 2,6 милиони литри нафта, потоа по експлозија, а единаесет луѓе се уште сметаат за исчезнати. Пред експлозијата на платформата имаше 126 работници, од кои 115 се спасени, а 17 од нив завршија со потешки повреди./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авиони заглавени на пистите: најголемата американска авиокомпанија ги приземји сите летови
„Американ ерлајнс“ во вторникот ги приземји сите свои летови во САД поради технички проблем, што ги наруши плановите за патување на илјадници патници што се подготвуваа да летаат на Бадник, пренесуваат светските медиуми.
Масовните прекини на летовите претходно ги нарушија плановите на многу патници. Во 2022 година „Саутвест ејлајнс“ доживеа целосен системски колапс, кој траеше со денови.
Според написите од компанијата, немаат дадено временска рамка за решавање на проблемот, но таа ги советуваше патниците на социјалната мрежа Х да им испратат директни пораки за да ги решат проблемите со билетите и трансферите.
„Технички проблем влијае на американските летови утринава. Нашите тимови работат на решавање на проблемот што е можно побргу и им се извинуваме на нашите клиенти за непријатностите“, се вели во соопштението на компанијата за „Ројтерс“.
Многу патници објавија на социјалните мрежи дека нивните авиони се заглавени на пистите на разни аеродроми и дека сега се вратени на капијата.
„Американ ерлајнс“ оперира илјадници дневни летови до повеќе од 350 дестинации во над 60 земји и се смета за најголема американска авиокомпанија по бројот на патници.
Американската федерална управа за авијација (ФАА) во изјава за „Ројтерс“ укажа на авиокомпанијата повторувајќи дека пријавила технички проблем.
Свет
Гладот се шири во Судан, 10 области загрозени до мај
Акутниот глад во Судан се прошири во пет области и, најверојатно, ќе се прошири на уште пет до мај бидејќи завојуваните страни продолжуваат да ја попречуваат хуманитарната помош потребна за ублажување на една од најтешките кризи на глад во модерното време, соопшти денеска глобалниот Комитет за преглед на гладот (ИПЦ).
Комитетот идентификува уште 17 области во Судан во опасност од глад.
ИПЦ проценува дека речиси 24,6 милиони луѓе, околу половина од Суданците, имаат итна потреба од помош во храна до февруари, што е нагло зголемување од првично проектираните 21,1 милион во јуни за истиот период.
Свет
Украина доби милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светската банка
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светската банка, соопшти денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.
„Собраните средства ќе бидат искористени за зајакнување на нашата економија и финансирање на приоритетните расходи во социјалната и хуманитарната сфера“, рече Шмихал во објавата на „Телеграм“.
Тој им се заблагодари на Светската банка и на владите на Јапонија и Велика Британија за силната поддршка на Украина и нивниот придонес во зајакнувањето на стабилноста на Украина, пренесува „Укринформ“.