Свет
Три години од исчезнувањето на Медлин МекКен
Родителите на исчезнатата Британка Медлин МекКен на тригодишнината од исчезнувањето објавија нова фотографија на девојчето.
Родителите на исчезнатата Британка Медлин МекКен на тригодишнината од исчезнувањето објавија нова фотографија на девојчето.
На фотографијата која е сликана само неколку недели пред исчезнувањето во леувалиштето Праја де Луз во Португалија, Меди се играла со шминки и на очите има сина сенка.
На видео снимката која е пуштена во етер несреќните родители објаснуваат колкав напор вложуваат да ја пронајдат.
Минатата недела Кејт и Гари МекКен ја обвинија британската полција дека „дигнала раце “ од потрагата за нивната ќерка, сакајќи да ги убедат истражителите да се вратат на случајот.
МекКенови тврдат дека прекинот на потрагата е резултат на неуспехот на португалската и британската полиција да ги следат и испитаат трагите кои ги нашле во приватната истрага./крај/индекс/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

