Свет
Роман Полански го прекина молкот
Режисерот Роман Полански (76), по повеќемесечно молчење реши да проговори за својата ситуација.
Режисерот Роман Полански (76), по повеќемесечно молчење реши да проговори за својата ситуација.
“Во животот поминав низ радост и драма, како и сите, и нема да барам од никого да ме жали. Само сакам фер третман. Не сакам повеќе да молчам“, напиша оскаровецот на сајтот на неговиот пријател, филозофот Бернар-Анри Леви.
“Единствената причина поради која што САД сакаат да ме добијат е да ме послужат на чинија на нивните медиуми, додава Полански во својата изјава.
Режисерот Полански веќе години наназад тврди дека кон крајот на седумдесетите постигнал договор со судијата на која му бил доделен неговиот случај, според кој му ветиле 90 дневен притвор. Меѓутоа судијата подоцна се предомислил, по што Полански побегнал во Франција.
Швајцарските власти наскоро ќе одлучат дали Полански наскоро ќе биде екстрадиран во САД поради случајот со силување на малoлетничка пред повеќе од 30 години./крај/мон/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

