Свет
Франција ја потврди помошта за Грција
Францускиот парламент денеска го потврди активирањето на механизмот на еврогрупата и на Меѓународниот монетарен фонд за помош на Грција во нејзиното справување со должничката криза
Францускиот парламент денеска го потврди активирањето на механизмот на еврогрупата и на Меѓународниот монетарен фонд за помош на Грција во нејзиното справување со должничката криза.
Франција во заедничката помош ќе учествува со 16,8 милијарди евра.
За помошта на Грција денеска одлучува и германскиот парламент, на што се противат германските социјалдемократи. Германија во помошта за Грција ќе учествува со најголемиот дел од 22,4 милијарди евра.
Лидерите на еврогрупата вечерва во Брисел, треба и официјално да го потврдат активирањето на помошта на ЕУ и ММФ за Грција во заеми во вкупна вредност од 110 милијарди евра. На состанокот во Брисел се очекува да стане збор и за промена на правилата во еврозоната, неопходни за излез од кризата./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Путин ѝ се закани на Украина по вчерашниот напад: „Ќе зажалите“
Рускиот претседател Владимир Путин вети поголемо „уништување“ на Украина по саботниот напад со дрон врз зградите во Казан, за што Москва го обвинува Киев.
– Секој што ќе се обиде да уништи нешто во нашата земја, без разлика колку е мало, ќе се соочи со многу поголемо уништување во сопствената земја и ќе зажали што се обидел да и направи нешто на нашата земја – рече тој за време на официјалната церемонија, коментирајќи го нападот во саботата во Казан, на околу 1000 километри од украинската граница.
Според локалните власти, погодени се станбени згради, но нема жртви.
Украина не го коментираше нападот, ниту пак руските обвинувања.
Путин ѝ се закани на Украина со „Орешник“
Во последните неколку недели, Владимир Путин постојано се закануваше дека ќе го погоди центарот на Киев со нова и моќна ракета „Орешник“.
Поради речиси континуираните воздушни напади на руската војска, Украина се соочува со редовни прекини на струја среде зима.
Руската армија моментално забрзано напредува, особено во источниот регион на Доњецк, кој е во фокусот на борбите.
Свет
(Фото) Пукање пред трговски центар во Берлин: напаѓачите во бегство, хеликоптери трагаат по нив
Синоќа имало пукање пред трговски центар во Берлин, кога неколку напаѓачи отвориле оган врз маж.
Полицијата во саботата вечерта извршила голема акција при што едно лице е тешко повредено.
Полицискиот хеликоптер и итната помош на терен во моментов трагаат по сторителите.
Маж е нападнат пред трговски центар, хеликоптери трагаат по сторителите
Според досегашните информации, полицијата и пожарникарите биле алармирани за пукање и едно лице со прострелни рани околу 19 часот и 30 минути. Едно лице со прострелни рани опасни по живот е пренесено во болница.
#Berlin #Hohenschönhausen – Mann durch Schüsse vor Einkaufszentrum schwer verletzt, SEK bei Absuche nach Tatverdächtigen im Einsatz pic.twitter.com/Al5BeKOBrE
— Fotograf T. Peise (@ThomasPeise) December 22, 2024
Петмина загинати во терористички напад
Ова пукање се случи само еден ден по терористичкиот напад на божиќниот пазар во Магдебург. Тогаш Талеб А, 50-годишен лекар од Саудиска Арабија, со својот автомобил влетал на пазарот.
Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети.
Официјални лица потврдија дека напаѓачот е државјанин на Саудиска Арабија, кој речиси две децении живее во Германија, каде што работи како лекар. Повеќе германски медиуми го идентификуваа осомничениот како Талеб А. Во извештаите се наведува дека тој е експерт за психијатрија и психотерапија. Се уште не е утврден мотивот поради кој Талеб А. налета на толпата. Наводно, насилникот со години на интернет искажувал исламофобични ставови.
Свет
(Фото+видео) Неконтролиран шумски пожар во Австралија, евакуирани стотици жители
Неконтролираниот шумски пожар близу националниот парк Грампианс, во Австралија, предизвика евакуација на стотици жители. Најверојатно ќе гори уште неколку дена, соопшти денеска Агенцијата за вонредни ситуации на австралиската држава Викторија.
🚨🇦🇺 BLAZING IN THE BUSH: FIRE WREAKS HAVOC IN AUSTRALIA
A raging bushfire in Victoria’s Grampians National Park, 162 miles west of Melbourne, has torched 84,000 acres and forced evacuations, including Halls Gap, a tourist spot 157 miles northwest of the city.
Lightning sparked… pic.twitter.com/WJnMSAJsAF
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) December 22, 2024
Наредбата веднаш да се напуштат домовите изложени на најголем ризик од пожар сè уште е во сила за местата во близина на пожарот, во и околу Националниот парк Грампианс, кој се наоѓа на околу 241 километар западно од Мелбурн.
Grampians Inferno: 84,000 Acres Ablaze, Halls Gap Evacuated
A devastating bushfire, sparked by lightning, has ravaged 84,000 acres in Victoria's Grampians National Park, just 162 miles west of Melbourne.
The fire, which started on Tuesday, remains uncontrolled despite the… pic.twitter.com/yzUODORyPq
— Apex Breaking News (@apexnewsnow) December 22, 2024
Warning level for Grampians bushfire downgraded to ‘watch and act’ as firefighters sweat on 39C Boxing Day https://t.co/7NGXtnB3b6
— 7NEWS Australia (@7NewsAustralia) December 22, 2024
Заменик-началникот на пожарникарите Гери Кук изјави дека пожарот зафатил околу 34.000 хектари шума.
Thick smoke from the massive Grampians National Park fire blankets Melbourne, Australia, as satellite images reveal intense heat zones marked in red 🔥.#GrampiansFire #Melbourne #Bushfire #GrampiansNationalPark #Victoria #Australia
pic.twitter.com/bZQPnQ6VfO— Mr. Shaz (@Wh_So_Serious) December 20, 2024
Стотици пожарникари, потпомогнати од 25 противпожарни авиони, се борат против пожарот што го предизвика гром во вторникот , објави вчера ABC Australia.