Свет
Полицајците од Јужна Африка се молат САД да не влезат во втората фаза на СП

Неизвесноста околу доаѓањето на американскиот претседател Барак Обама на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка создава големи проблеми за тамошната полиција.
Неизвесноста околу доаѓањето на американскиот претседател Барак Обама на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка создава големи проблеми за тамошната полиција.
Ова вчера го соопшти државниот полициски комесар на Јужна Африка Беки Целе.
„Шансите американскиот претседател да дојде на СП се 50:50. Засега информациите се дека Обама би можел да дојде доколку Американците поминат во втората фаза. Па сега ние во полицијата се молиме САД да не поминат во осмина финалето“, рече Целе пред парламентарниот комитет, што предизвикало смеа меѓу пратениците.
САД се во група со Англија, Словенија и Алжир, а двете првопласирани репрезентации ќе одат во осминафиналето.
На обезбедувањето на СП во Јужна Африка се ангажирани 44.000 полицајци. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поранешен советник на Путин: Русија стравува од едно сценарио во прекинот на огнот

Владимир Путин најверојатно планира да одговори на предлогот за прекин на огнот со свое барање, изјави неговиот поранешен советник Сергеј Марков.
Зборувајќи за SkyNews, Марков рече: „Русија стравува дека периодот на прекин на огнот ќе се искористи за целосна милитаризација на украинското општество од страна на НАТО“.
Поради ова, тврди тој, Путин најверојатно ќе бара ембарго за испорака на оружје на украинската армија од други земји.
Но, кога еден новинар го прашал за можноста за испраќање мировници од европските земји, Марков се насмеал.
„Британските и француските трупи се дел од војната“, рече тој, додавајќи дека мировниците обично се од неутрални земји.
„Сите војници од европските земји би се сметале за окупатори, а руските војници би ги убиле сите бидејќи дошле да ја ослободат Украина.
Тензиите се зголемија кога беше прашан дали Русија ќе ги смета британските мировници за непријатели и учесници во војната.
„Да, затоа што Британија е учесник во војната“, одговори Марков, мислејќи на воената помош што Обединетото Кралство и ја дава на Украина.
Свет
Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден Палестинец нема да биде протеран од опколениот Појас Газа, иако тој продолжува со својот план за преземање и обнова на палестинската енклава.
„Никој не ги протерува Палестинците“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање додека беше домаќин на ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич во неделата изјави дека Тел Авив ќе отвори нова канцеларија за „администрација за емиграција“ во Министерството за одбрана за да управува со принудното раселување на Палестинците од Газа, според повеќе медиумски извештаи.
Свет
Пленковиќ: Американските царини не би требало да имаат значително влијание врз Хрватска

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија не треба значително да влијаат на Хрватска и дека во овој момент овој потег „не е толку загрижувачки“ за трговските односи меѓу Хрватска и САД.
Тој додаде дека „подетално треба да се анализира поврзаноста на бројни хрватски компании со поголеми европски компании, кои многу повеќе извезуваат во Европската унија и врз чии економии ќе имаат поголемо влијание овие мерки.
„Во овој момент, овој потег не е толку загрижувачки за трговските односи меѓу Хрватска и САД, но секако, треба да бидеме внимателни со сите сектори, Хрватската стопанска комора, стопанството, да внимаваме што се случува и евентуално да ја прилагодиме ориентацијата на овие компании на други извозни пазари или на домашните пазари“, рече Пленковиќ.