Свет
Можно повторно затворање на британскиот воздушен простор
Делови на британскиот воздушен простор би можеле од денеска до вторник повторно да бидат затворени, поради облаци со вулканска пепел од Исланд.
Делови на британскиот воздушен простор би можеле од денеска до вторник повторно да бидат затворени, поради облаци со вулканска пепел од Исланд.
Различни делови на воздушниот простор, вклучувајќи го и југоистокот каде што се наоѓа најфреквентниот аеродром Хитроу, веројатно ќе бидат затворени во различни периоди, соопшти вчера британското Министерство за сообраќај.
„Поради продолжување на вулканската активност на Исланд и претстојните временски услови, доколку вулканот продолжи со сегашното ниво на ерупции, постои ризик од затворање на воздушниот простор на Велика Британија“, се вели во изјавата од Министерството. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

