Свет
Земјотрес од 5.7 степени го погоди Пуерто Рико
Земјотрес со јачина од 5.7 степени според Рихтеовата скала денеска го погоди Пуерто Рико, јави американската геолошка служба.
Земјотрес со јачина од 5.7 степени според Рихтеовата скала денеска го погоди Пуерто Рико, јави американската геолошка служба.
Земјотресот се случил рано утринава во 1.16 часот по локално време, на 110 километри западно од главниот град Сан Хуан.
Епицентарот бил на длабочина од 110 километри. Засега нема јавувања за мртви, повредени лица или за материјална штета.
Исто така не се очекува големо цунами но можни се мали локални цунами од подводни поместувања на земјиштето./крај/индекс/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

