Свет
Затворени аеродромите во Ирска поради облакот од вулканската пепел
Поради повторно ширење на облакот од вулканска пепел од исландскиот вулкан Ејафјалајокул, утринава беа затворени неколку аеродроми во Ирска.
Поради повторно ширење на облакот од вулканска пепел од исландскиот вулкан Ејафјалајокул, утринава беа затворени неколку аеродроми во Ирска. Облакот се наоѓа над Ирска и затоа аеродромите во дел од Република Ирска, Северна Ирска и на островот Ман не работат, пренесоа британските власти. Ирската служба за цивилно воздухопловство на Велика Британија соопшти дека аеродромите „Слајго“, „Донигол“ и „Нок“ во западна Ирска денеска не работат, но се очекува аеродромите „Даблин“ и „Шенон“ да бидат отворени во 14 часот по централно-европско време. Британското министерство за воздухопловство најави дека е можно пореметување на воздушниот сообраќај и дека аеродромите „Белфаст“ и „Белфаст Харбор“ исто така нема да работат од денеска на пладне. Забраната за прелети на британското небо може да трае до вторник./крај/онс/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

