Свет
Пребројувањето хаотично, доцнат резултатите за Скопје

Ќе има ли или ќе нема втор круг од гласањето за градоначалник на Скопје е дилемата што остана отворена вчера до затворање на весникот поради „доцнењето“ со пребројување гласови во седум скопски општини.
Ќе има ли или ќе нема втор круг од гласањето за градоначалник на Скопје е дилемата што остана отворена вчера до затворање на весникот поради „доцнењето“ со пребројување гласови во седум скопски општини. Во штабот на независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски, откако прексиноќа беше прогласена убедлива победа во првиот круг, вчера на прес-конференцијата изразија сомневање во процесот на пребројување и сумирање на резултатите. Тие реагираа на „доцнењето на резултатите“ откако во штабот на владејачката коалиција „За Македонија заедно“ вчера на прес-конференцијата соопштија дека изборите за Скопје не се завршени и дека на Костовски му недостигале околу 6.000 гласа за победа во првиот круг. Остана нејасно и во кој рок Изборната комисија на градот Скопје треба да ги објави резултатите.
– Секој обид да се оспори победата на Костовски во првиот круг е обид за фалсификување на изборите – рече Маја Мухиќ, портпаролка на Изборниот штаб на Костовски.
Во штабот оценија и дека е „смешно да се спорат вакви изборни резултати“ и дека со евентуално одење во втор круг, Костовски ќе добие уште повеќе гласови, бидејќи револтот на граѓаните ќе го зголеми одѕивот. Во штабот на Костовски и вчера останаа на прексиноќа објавениот резултат според кој Костовски освоил 58,29, а кандидатот на владејачката коалиција Ристо Пенов – 32,92 отсто гласа. Оттаму се повикуваат и на резултатите на НВО „Мост“ според кои 53,73 отсто скопјани гласале за Костовски, а 31,02 проценти за Пенов.
Стравувања дека ќе има обид за фалсификување на резултатот во Скопје вчера изразија и опозициските партии. Од штабот на здружената опозиција предупредија дека се „дебело пречекорени“ роковите за објавување резултати. Оттаму посочуваат на упатството за објавување изборни резултати што Државната изборна комисија (ДИК) го донесе на 1 март годинава. Според упатството на ДИК, избирачкиот одбор ги доставува записниците и другиот изборен материјал до општинската изборна комисија во рок од пет часа по завршувањето на гласањето и ги објавува и истакнува сумираните резултати од извршеното гласање на гласачкото место. Општинските изборни комисии имаат рок од пет часа да ги сумираат резултатите добиени од одборите, по што тие во рок од три часа треба да бидат доставени до Изборната комисија на градот Скопје.
Тоа, според правните служби, во штабот на опозицијата требало да се случи уште вчераутро. Но, во ДИК не се согласуваат.
– Упатството на важи. Според членот 71 од Законот за локални избори, имаме рок од 24 часа од затворањето на избирачките места за да ги објавиме резултатите – изјави Зоран Теневски, портпарол на ДИК.
Во членот 71 од Законот се вели дека Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати ги објавува во рок од 24 часа по добивањето на изборниот материјал од избирачките одбори.
Анита Данаилова, претседателка на Изборната комисија на градот Скопје, вчера околу 16.30 часот уште ги немаше резултатите од општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Центар и Чаир. Таа не можеше до прецизира кога истекува законскиот рок за објавување на резултатите.
– Ги чекаме записниците од општинските изборни комисии. Се надевам дека вечерва до 24 часот ќе ги имаме првичните резултати за Скопје – рече Данаилова. Д. М.
********
Панде Лазаревски: Се гласаше на начин што може само да се посака
Наспроти одредени неправилности што беа евидентирани, изборите генерално поминаа на начин што може само да се посака. Тоа е знак дека работите се раздвижуваат. Бројките се уште не би ги коментирал без увид во комплетните резултати и без сериозна анализа – изјави Панде Лазаревски, директор на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.
********
Ѓорѓи Кимов: Резултатите бавно пристигнуваат
Немам прецизна слика за резултатите бидејќи тие бавно пристигнуваат. Во основа, изборите беа фер и демократски иако, за жал, не успеавме да го постигнеме посакуваното ниво што во моментов ни е потребно за почнување на процесот на преговори за влез во ЕУ. Имаше доста инциденти што фрлаат сенка на изборите. Бројките се очекувани и наполно ја одразуваат состојбата на поделеноста во опозицијата – оцени Ѓорѓи Кимов, директор на „Брима-Галуп“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.