Свет
Маоистите бомбардираа автобус во Индија, 20 убиени
Маоистичките бунтовници бомбардираа автобус во централниот дел на Индија и при инцидентот се убиени најмалку 20 лица.
Маоистичките бунтовници бомбардираа автобус во централниот дел на Индија и при инцидентот се убиени најмалку 20 лица.
„Според првичните информации загинале 20 лица“ изјави претставник на полицијата.
Меѓу патниците во бомбардираниот автобус имало неколку полицајци. Дел од медиумите јавија дека бројката на жртвите во атентатот се искачи на 30./крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Асанж за прв пат во јавност на 1 октомври: ќе сведочи пред Советот на Европа за својот случај
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж на 1 октомври ќе се појави во јавноста за прв пат по неговото ослободување од британскиот затвор. Асанж треба јавно да зборува пред Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, соопшти денеска неговата организација.
„Тоа ќе биде извонреден поттик за неговото закрепнување бидејќи (Советот на Европа) го покани Џулијан да сведочи пред Комитетот за неговиот случај и неговите пошироки импликации“, објави Стела Асанж на нејзиниот профил на „Икс“.
Асанж, кој има 53 години, се врати во Австралија во јуни оваа година, откако се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, што доведе до договор за ослободување и стави крај на неговата 14-годишна правна одисеја во Велика Британија, пишува Ројтерс.
Неговата сопруга Стела, со која се оженил додека бил во затвор во Лондон, изјавила дека ќе му треба време да биде со своите деца, да си го врати здравјето и менталната рамнотежа по долгиот престој во заробеништво.
Свет
Лавров: ОН замижуваат пред упадот на Украина во регионот Курск
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Обединетите нации замижуваат пред ексцесите на украинските сили при нивниот упад во руската област Курск.
Во интервју за ТАСС на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Лавров рече дека украинските „терористички групи“, како што наведе, користат западно оружје за напади на Курск во кои не прават разлика меѓу цели.
„Тие во таа област секојдневно бомбардираат куќи, социјални институции, мирни граѓани кои се засолнуваат на побезбедни места во своите автомобили. Не слушнав ниту еден глас од претставниците на ОН кои се одговорни за човековите права, вклучително и генералниот секретар“, рече Лавров.
Свет
(Видео) Погоден град во северозападен Либан, објави Ројтерс
Нападот го погоди либанскиот шиитски град Маајсра во северозападниот дел на Либан, објави Ројтерс, цитирајќи ги државните медиуми и локален жител.
Israeli Airstrikes have reportedly Targeted the Town of Maaysrah to the North of Beirut, marking the First Israeli Strikes against Northwestern Lebanon. pic.twitter.com/pZl3DdHwW0
— OSINTdefender (@sentdefender) September 25, 2024
Градот лежи во планините на претежно христијанскиот регион Кесерван, северно од главниот град Бејрут.
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое наводно се гледа чад од дел од градот по пријавениот напад.
Нема информации за жртви, но ова е првпат областа да биде погодена за време на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.