Свет
Трговски центар и Берзата во Бангкок во пламен
Берзата и неколку трговски центри се запалени откако војската го презема логорот на антивладините демонстранти во центарот на градот, соопштија од противпожарната служба.
Берзата и неколку трговски центри се запалени откако војската го презема логорот на антивладините демонстранти во центарот на градот, соопштија од противпожарната служба.
„Неколку пожари избувнаа во градот, запалена е зградата во која се наоѓа Берзата и Трговскиот центар „Централ Ворлд“ (Central World), втор по големина трговски во југоисточна Азија”, додаваат пожарникарите.
Густ црн чад од многуте запалени гуми се шири над Бангкок, град со 15 милиони жители. Голем дел се останати без електрична енергија.
Нападната е и зградата на телевизискиот канал „Канал 3“ (Channel 3).
Хаос настана во градот по завршување на воените операции и преземањето на седиштето на анти-владините демонстранти во средишниот дел на Бангкок.
Најмалку четири лица се убиени, а четворица водачи на “црвените кошули” се предадени на властите.
Тајландската влада прогласи полициски час во Банког до утре наутро по локално време./јкрај/хн/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

