Свет
Клинтон во Кина на стратешки и економски дијалог
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, во рамките на четиридневната посета на Кина, од денеска престојува во Пекинг. На средбите со претставниците на кинеските власти, според медиумите, ќе се води “стратешки и економски дијалог меѓу САД и Кина”
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, во рамките на четиридневната посета на Кина, од денеска престојува во Пекинг. На средбите со претставниците на кинеските власти, според медиумите, ќе се води “стратешки и економски дијалог меѓу САД и Кина”.
Посетата на Клинтон се случува во време кога се влошија тензиите на корејскиот полуостров, особено откако Северна Кореја беше обвинета за торпедирање на јужнокорејски брод.
Пред да пристигне во Кина, Хилари Клинтон кратко престојуваше во Токио, каде што рече дека се подготвува да води интензивни консултации на оваа тема со кинеските претставници./крај/бгнес/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Сè уште нема вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп
Нема предуслови за организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сè уште немаше вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп“, рече Песков на прашањето дали постои можност за средба уште пред инаугурацијата на Трамп, пренесува ТАСС.
На неодамнешната телефонска прес-конференција, претседателот на Руската Федерација изрази подготвеност да разговара со новоизбраниот американски претседател.
Свет
Најмалку двајца загинати и осум исчезнати по уривање мост во Бразил
Најмалку две лица загинаа, а осум лица се водат како исчезнати кога вчера во Бразил се урна мостот „Јуселино Кубичек де Оливеира“, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Марањао.
Вчера мостот попуштил во раните попладневни часови и бил целосно затворен, а се урнал кога дел од структурата паднала на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот „Метрополис“.
„Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна напладне“, изјави министерот за транспорт, Ренан Фиљо.
Свет
Бајден помилува 37 од 40 затвореници осудени на смрт
Американскиот претседател Џо Бајден им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор, без можност за условно ослободување, во последните чекори пред да му ја предаде власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
Потегот на Бајден ќе го загрози планот на Трамп за забрзување на егзекуциите. За разлика од извршните наредби, наследникот на претседателот не може да ги поништи одлуките за помилување.
Трамп иницира федерални егзекуции по речиси 20-годишна пауза за време на неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година. Бајден, кој водеше кампања како противник на смртната казна, ги суспендира федералните егзекуции кога ја презеде функцијата во јануари 2021 година.
Во последните недели тој се соочи со притисок од демократите, противниците на смртната казна и верските водачи, како папата Франциско, да ги ублажи смртните казни на федералните осуденици пред да замине.
„Нека нема сомнеж: ги осудувам овие убијци, жалам за жртвите на нивните одвратни дела и тагувам за сите семејства што претрпеа незамислива и непоправлива загуба“, рече Бајден.
„Но, водејќи се од мојата совест и моето искуство, јас сум повеќе убеден од кога било дека мораме да ја прекинеме употребата на смртната казна на федерално ниво. Постапувајќи со добра волја, не можам да отстапам и да ѝ дозволам на новата администрација да продолжи со егзекуциите што ги застанав“, додаде Бајден.
На почетокот на овој месец Бајден им ги ублажи казните на речиси 1.500 луѓе и помилува 39 други осудени за ненасилни злосторства. Тој исто така издаде целосно и безусловно помилување за својот син Хантер откако претходно велеше дека нема да го стори тоа. Хантер Бајден се изјасни за виновен за даночни прекршувања и беше осуден за обвиненија поврзани со огнено оружје.
Денешната одлука не се однесува на случаи на тероризам или масовни убиства мотивирани од омраза. Не ги вклучува ни тројцата најпознати мажи на смртна казна. Тоа се Џохар Царнаев, осуден за учество во бомбашкиот напад на маратонот во Бостон во 2013 година, Дилан Роф, осуден за пукањето во 2015 година во Африканската методистичка епископска црква „Емануел“ во Чарлстон, Јужна Каролина, и Роберт Бауерс, осуден за масовното пукање во синагога во Питсбург во 2018 година.
Сите тројца поднесоа жалби на своите казни, кои мора да бидат решени пред да се одреди датумот на извршување, во процеси што би можеле да траат со години.
Одлуката на Бајден исто така не влијае на речиси 2.200 затвореници осудени на смрт во државните судови бидејќи тој нема овластување за такви егзекуции. Претседателите обично носат одлуки за помилување кон крајот на својот мандат.
Канцеларијата на јавниот обвинител за помилување, во рамките на Министерството за правда, примила речиси 12.000 барања за помилување за време на мандатот на Бајден, според списокот на адвокати за помилување. Претседателот до 9 декември донесе 161 одлука. Тие се однесуваат на 26 помилувања и 135 ублажувања на казната.