Свет
Северна Кореја ги прекина сите односи со Јужна Кореја

Северна Кореја ги прекина сите односи со Јужна Кореја, вклучувајќи ги и комуникациските, објави службената севернокорејска агенција КЦНА.
Северна Кореја ги прекина сите односи со Јужна Кореја, вклучувајќи ги и комуникациските, објави службената севернокорејска агенција КЦНА.
„ Одборот за мирно соединување на Корејците официјално прогласува стапување на сила на потполно замрзнување на меѓукорејските односи, откажување од спогодбата за неагресија меѓу Север и Југ и прекин на секаква соработка меѓу двете земји“, пренесе КЦНА.
Од престолнината на Северна Кореја Пјонгјанг информираат дека ќе го отпуштат сиот јужнокорејски персонал од заедничкиот индустриски комплекс Каесонг. На сите јужнокорејски бродови и авиони ќе им биде забранет пристап на севернокорејскиот воден и воздушен простор, соопшти КЦНА.
Севернокорејскиот водач Ким Јонг Втори ја стави војската во состојба на приправност откако од Сеул се заканија дека ќе ја „наплатат уцената“ поради торпедирањето на јужнокореанскиот воен брод „Кеонан“.
Јужна Кореја вчера објави дека поради оваа закана ќе бараат нови санкции од ОН и дека ќе ја прекинат трговската соработка со северниот сосед.
Минатата недела меѓународните истражители ја прогласија Северна Кореја за одговорна за торпедирање на военот брод „Кеонан“, при што настрадаа 46 морнари.
Пјонгјанг ги отфрли обвинувањата дека стои зад нападот на бродот.
По потонувањето на „Кеонан“, одлуката за прекин на сите односи е врв на тензичните односи меѓу двете земји./крај/хи/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стејт департмент: Претседателот е задоволен од прекинот на огнот

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е задоволен од прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.
„Мислам дека кога ќе се погледне начинот на кој се одвиваше денот, имаше одредена активност од двете страни, но тоа сега престана и прекинот на огнот е на сила“, рече таа.
„Претседателот е задоволен. Затоа мислам дека можеме да го земеме тоа како показател за неговите чувства во овој момент“, додаде Брус.
Свет
Нетанјаху: Постигнавме историска победа

Постигнавме историска победа, објави во видео порака, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека победата ќе се памети со генерации, додавајќи дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од Доналд Трамп.
„Елиминиравме две непосредни егзистенцијални закани – нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Доколку не дејствувавме, наскоро ќе се соочевме со опасноста од уништување“, додаде тој.
Свртувајќи го своето внимание кон „иранската оска“, тој рече дека Израел „мора да ја заврши кампањата“.
„Тоа значи поразување на Хамас и враќање дома на сите израелски заложници што остануваат во Газа, мртви или живи“, рече тој.
Свет
Иран објави крај на војната

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не сака да се здобие со нуклеарно оружје, туку да ги реши сите несогласувања на преговарачката маса, објави новинската агенција ИРНА.
„Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, која со решителност пишува историја, сме сведоци на стапувањето во сила на прекинот на огнот и крајот на таа 12-дневна војна наметната од авантуризмот и провокацијата на Израел“, напиша Песекијан.
Тој повтори дека неговата земја не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, но дека ќе продолжи да го брани своето легитимно право да развива цивилна нуклеарна програма.
Во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед бин Зајед, Песекијан рече дека „со оглед на нивните односи со САД, тој очекува ОАЕ да им објасни дека Иран сака само да ги оствари своите легитимни права“, додаде ИРНА.
Израел го нападна Иран на 13 јуни, обвинувајќи го теократскиот исламистички режим дека се обидува да се здобие со атомско оружје, уништувајќи стотици воени и нуклеарни објекти. Исламската Република одговори со лансирање стотици ракети и беспилотни летала кон Израел.
Во неделата, САД извршија невидени напади врз три ирански нуклеарни објекти. Двете страни остануваат длабоко поделени околу прашањето за збогатување на ураниум. Иран тврди дека тоа е право за кое не може да се преговара, додека Вашингтон го смета за „црвена линија“. Иран вчера испука ракети врз американската воена база во Катар.