Свет
Нетанјаху ја откажа посетата на САД поради нападот на бродовите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на САД по нападот на израелската војска на бродовите кои пренесуваа хуманитарна помош за Газа, пренесуваат медиумите.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на САД по нападот на израелската војска на бродовите кои пренесуваа хуманитарна помош за Газа, пренесуваат медиумите.
Нетанјаху кој е во посета на Канада, утре требаше да се сретне со претседателот на САД, Барак Обама.
Во соопштението од канцеларијата на израелскиот премиер стои дека Натанјаху по денешниот напад решил да го прекине своето патување и да се врати во Израел.
Нападот на израелските сили е осуден од меѓународните зедници.
Белата куќа соопшти дека жали за изгубените животи и побара да се расчисти случојот кој доведе до напад. И Европската Унија им порача на израелските власти да отворат детална истрага за нападот.
Според израелската телевизија, во нападот загинаа 19 патници, а 36 се ранети. Израелската војска рече дека десет нејзини припадници се ранети, од кои двајца се во потешка состојба./крај/бета/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Авион принудно слетал во САД поради обид на патник да ја отвори вратата

Авион на линијата Омаха-Детроит во САД мораше да изврши итно слетување во Ајова поради патник кој се обидел да ја отвори вратата за време на летот.
Откако полицијата го уапсила, кај него пронашла 41 таблета од лекот „Ксанакс“.
Инцидентот се случил во среда навечер по локално време, за време на летот на авионот на „Скај Вест ерлајнс“, кој извршил итно слетување во Сидар Рапидс, во државата Ајова, објави Си-Ен-Ен.
Патникот кој се обидел да ја отвори вратата претходно се скарал со стјуардесата, според пилотот.
Авионот слета безбедно, а на видео објавено на социјалните мрежи може да се види како полицијата го вади патникот со лисици од авионот.
Свет
18 загинати и 40 исчезнати откако туристички брод се преврте во Виетнам

Најмалку 18 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте во заливот Ха Лонг во Виетнам, објавија денес локалните медиуми.
Бродот, кој превезувал повеќе од 50 патници, се превртел поради ненадеен силен дожд што го погодил за време на посетите на местата на светското наследство на УНЕСКО, објави порталот „Ден Три“.
Граничните полицајци спасија 12 лица и пронајдоа 18 тела“, објавува порталот „ВНекспрес“.
Покраинските власти објавија дека ги пронашле телата на тројца виетнамски државјани и спасиле десет лица, како и дека потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Околу 30 бродови потонаа во заливот Ха Лонг минатата година откако беа погодени од тајфунот Јаги.
Заливот го посетуваат милиони луѓе секоја година и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по сино-зелената вода и варовничките острови со тропски шуми.
Регион
„Ситуацијата е критична“ – тревога во Хрватска поради ширење на антракс

Хрватскиот ветеринарски институт соопшти дека е потврден случај на антракс во Хрватска, во општината Врлика. По поморот на крави во овој регион, примероци од угинатите животни беа испратени на анализа, а резултатите потврдија дека се работи за заразна болест.
Иако претходно се претпоставуваше дека причината е труење, стручните ветеринарни служби од Загреб сега потврдија дека станува збор за заразна болест.
Повеќе од 50 говеда угинале во последниве дваесет дена.
Во лабораторија биле примени вкупно 13 примероци од угинати животни, од осум различни објекти (фарми).
– Ситуацијата е критична. Не можам ни да замислам како им е на сточарите во овој момент. Верувам дека секој ден им трае како цела година. Мораме сите да останеме прибрани. Истовремено се бориме и со африканската чума кај свињите на истокот од земјата, а веста за антракс не затекна токму за време на состанок во Осијечко-барањската жупанија за свинската чума. Ова е исклучително тешка ситуација – изјави министерот за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ, на вонредна прес конференција.
Антраксот е сериозна и ретка заразна болест предизвикана од бактеријата Bacillus anthracis и е позната уште од античко време, обично како болест на тревопасните животни.
Преживарите – говеда, кози, овци, коњи – погодени од антракс најчесто умираат ненадејно без очигледни знаци на болеста, иако некои може да доживеат зашеметување, тремор, лошо варење и тешкотии при дишењето. По смртта, трупот брзо отекува, а од телесните шуплини може да истече темен крвав исцедок.
Луѓето можат да се заразат со антракс преку кожата, со вдишување на спори или со консумирање на контаминирана храна, што резултира со развој на кожна, белодробна или цревна форма на болеста, од кои кожната форма е најчеста.
Најчест е кожниот антракс: се јавува по контакт на кожата со ткива или производи од заразени животни и се манифестира со појава на темни, безболни рани (црни пустули, кои изгледаат како мозолчиња) на изложените делови од телото, обично придружени со благи општи симптоми. Доколку не се лекува навреме, може да се прошири во крвотокот и да доведе до сепса.
Пулмоналната форма е поретка, но исклучително опасна. Се јавува по вдишување на неколку илјади спори, а болеста првично наликува на грип, но многу брзо напредува во тешка состојба со респираторни проблеми и шок, често со фатален исход.
Цревната форма се јавува по јадење заразено месо и се карактеризира со висока температура, повраќање, силна болка во стомакот и крвава дијареја, а смртноста е исто така висока без навремен третман.
Антраксот се дијагностицира со анализа на крв, брисеви од рани или спутум во лабораторија. Успехот на третманот во голема мера зависи од брзината на реакцијата. Се третира со антибиотици како што се пеницилин, ципрофлоксацин или доксициклин.