Свет
„Жената од џунглата“ побегна во дивината во Камбоџа
„Жената од џунглата“ од Камбоџа, која помина 18 години живеејќи во густите шуми, повторно побегна во дивината откако имаше проблеми со борбата да се адаптира во општеството, пренесува Телеграф.
„Жената од џунглата“ од Камбоџа, која помина 18 години живеејќи во густите шуми, повторно побегна во дивината откако имаше проблеми со борбата да се адаптира во општеството, пренесува Телеграф. Роком Пингиенг (Rochom P’ngieng), која сега има 29 години, за прв пат исчезнала во џунглата во 1989 година кога била мало девојче. Таа беше „откриена“ во 2007 година и повторно обединета со нејзината фамилија. Сепак, напорите за да ја интегрираат Роком во општеството не успеаа. Таа не научи ниту еден од локалните јазици, Кмер ( Khmer) или Панг (Phnang), преферираше ползење наместо одење, одбиваше да носи облека и направи неколку обиди за да се врати во шумата каде израснала. Нејзиниот татко, Сал Лу (Sal Lou), полицаец, рече дека таа правела прогрес во последно време, но дека исчезнала минатиот вторник. „Таа ја соблече својата облека и избега од куќата без да каже ни збор на никој од нашата фамилија,“ вели Лу. Драматичното појавување и пробна реинтеграција на „жената од џунглата“ ја вчудоневиди Камбоџа каде исто така е позната и како „девојката полу-животно“ поради нејзината појава и фактот што прави звуци кои ги прават животните наместо да говори. Нејзиниот татко го обвинува второто исчезнување на неговата ќерка на „духовите од џунглата“, што е вообичаено за ова општество кое е преполнето со мистични верувања. Друга теорија е понудена од локалните групи за човекови права, кои веруваат дека жената се мачела да се реадаптира во општеството и претрпела огромни стресови. „Таа најверојатно имала трауматични искуства во џунглата кои влијаеле на нејзината способност за говорење,“ тврди Пен Буна од локалните групи. Соседите и локалните власти и помагаат на фамилијата во потрагата по дивата Роком, но џунглите на Ратанакири (Ratanakkiri) се едни од најопасните и најизолираните во Камбоџа.Оригинален извор овде /крај/телеграф/бх/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

