Свет
Над 10.000 луѓе протестираат против Израел во Истанбул

Околу 10 000 лица, со турски и палестински знамиња и извикувања на анти-израелски слогани, се собраа денеска на митингот за поддршка на жртвите од израелската операција против хуманитарниот конвој за Појасот Газа.
Околу 10 000 лица, со турски и палестински знамиња и извикувања на анти-израелски слогани, се собраа денеска на митингот за поддршка на жртвите од израелската операција против хуманитарниот конвој за Појасот Газа. Толпата се собра пред историската џамија Беазид во Истанбул, каде што беа искажани молитви за новинарот и осумте други турски државјани кои беа убиени во понеделникот. Собирот упати молитви и до 38-годишниот Џевдет Киличлар, веб уредник на исламската добротворна фондација, која ја предводи кампањата за соборување на израелската блокада врз Појасот Газа и испораката на околу 10 000 тони хуманитарна помош за населението кое живее таму. „Тој едноставно правеше слики. Беше убиен од метар растојание и мозокот му беше распрснат, рече претседателот на исламската фондација за хуманитарна помош (IHH) вчера, откако телата беа транспортирани назад дома. Митингот се случува само ден откако скоро 20 000 луѓе се собраа во Истанбул, за да им оддадат почит на преостанатите осум жртви. /крај/бг/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Свет
Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп – Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време).
Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека многу елементи од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.
Во своето ноќно обраќање во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.