Свет
Опасност од нови поплави во Полска
Ново предупредување за опасност од поплави беше објавено денеска во Варшава во 11 часот по Гринич поради повторното подигнување на нивото на реката Висла по регистрираниот рекорд пред 15 дена.
Ново предупредување за опасност од поплави беше објавено денеска во Варшава во 11 часот по Гринич поради повторното подигнување на нивото на реката Висла по регистрираниот рекорд пред 15 дена.
Општината повторно ги повика жителите на населбите на брегот на Висла да бидат подготвени за евакуација, откако вчера во јужниот и југоисточниот дел на државата беа евакуирани десетици илјади жители поради врнежите во последните денови.
Противпожарните служби евакуираа околу 30.000 лица, а полицијата и армијата вршат други евакуации.
Катастрофалните поплави во државата од почетокот на мај одзедоа 22 човечки животи./крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Перу прогласи еколошка катастрофа по излевање на нафта во океанот
Перуанската влада прогласи еколошка катастрофа во крајбрежната област на северот на земјата, каде што минатиот викенд во Тихиот океан се излеа пратка сурова нафта од државната нафтена компанија.
Брод што маневрираше пред испуштање нафта предизвика излевање на терминалот на рафинеријата Талара во северниот дел на Перу во саботата.
„Петроперу“ не кажа колку сурова нафта се излеа во океанот, но Агенцијата за заштита на животната средина на Перу ОЕФА во првичниот извештај рече дека околу 10.000 квадратни метри водена површина се контаминирани, а Министерството за заштита на животната средина објави дека се зафатени најмалку седум плажи и локална фауна.
Локалните власти соопштија дека нафтата се излеала на крајбрежни растенија и животни, како што се раковите, кои се загрозени. Рибарите, пак, се пожалија дека не можат да работат поради инцидентот.
„Не можеме да одиме на риболов веќе шест дена“, изјави рибарот Мартин Пасос за локалното радио RPP.
„Она што се случи е хаос“, додава.
Свет
Почина поранешниот индиски премиер
Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија (AИМС).
Болницата соопшти дека тој ненадејно изгубил свест и бил пренесен во болница во Њу Делхи, каде што починал.
Синг беше премиер на Индија од 2004 до 2014 година.
Синг е заслужен за насочување на Индија кон огромен економски раст и извлекување на стотици милиони луѓе од длабока сиромаштија. Исто така, како министер за финансии, Синг беше архитект на реформите кои ја спасија индиската економија од сериозна криза.
До крајот на неговиот втор мандат, достигнувањата на Синг беа засенети од корупциски скандали во неговата администрација. Синг никогаш не бил обвинет дека е корумпиран, но неговиот имиџ наишол на удар.
Неколку месеци пред неговата смрт, Синг на прес-конференција рече дека направил најдобро што можел како премиер, пренесува Ројтерс.
„Искрено верувам дека историјата ќе биде пољубезна кон мене од современите медиуми или, опозициските партии во парламентот“, рече тој, според Ројтерс.
Синг зад себе остави сопруга и три ќерки.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.