Свет
Уапсен американски војник поради oбјавувањето на снимката со убиените цивили
Американскиот војник Бредли Менинг е уапсен поради објавување на видео снимка од 2007 година која го докажува убиството на двајца новинари, соопшти американската војска во Ирак.
Американскиот војник Бредли Менинг е уапсен поради објавување на видео снимка од 2007 година која го докажува убиството на двајца новинари, соопшти американската војска во Ирак.
Дваесет и двегодишниот воен експерт е осомничен дека овозможил пристап до доверливи информации, прецизираше американската војска.
На снимката се гледа како со пукање од хеликоптер Апачи на американската војска, се убиени двајцата новинари на британската агенција Ројтерс а сајтот Wired.com ја утврди одговорноста на Менинг за поставување на снимката на сајтот.
Од американската војска потенцираат дека за прашањата врзани за управување со доверливи информации се однесуваат мошне сериозно бидејќи се од големо значење за безбедноста на земјата, пишува Бета./крај/бе/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија се обидува да стави крај на конфликтот во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва се обидува да стави крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија може повторно да ја употреби ракетата Орешник доколку е потребно, но дека нема да брза да го стори тоа.
Тој посочи дека доколку е неопходно руската армија да употреби помоќно оружје со среден дострел, тоа ќе го стори, пренесува РИА.
„Русија одговара реципрочно. Некој користи одредено оружје против нас, а потоа ние го користиме истото“, рече Путин.
Свет
Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека 10 руски ракетни системи Орешник би можеле да бидат распоредени во републиката и призна дека овој број може да се зголеми во иднина.
Мислам дека засега има десет, а ќе видиме во иднина. Ако Русите сакаат да распоредат повеќе, ние ќе распоредиме повеќе, пренесува ТАСС.
Лукашенко, по состанокот на Врховниот државен совет на сојузната држава во Минск на 6 декември, рече дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да го распореди „Орешник“ на територијата на Белорусија.
Свет
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.
„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.