Свет
Франција ќе ја зголеми возраста за пензионирање

Француската влада ќе ја зголеми возраста за пензионирање од 60 на 62 години, рече министерот за труд и социјална политика Ерик Ворт откако го обелодени планот за измена на пензискиот систем.
Француската влада ќе ја зголеми возраста за пензионирање од 60 на 62 години, рече министерот за труд и социјална политика Ерик Ворт откако го обелодени планот за измена на пензискиот систем.
„Неопходно е да го спасиме нашиот пензиски систем. Зголемување на старосната граница за пензионирање мора да се зголеми. Тоа е. Нема магично решение“, изјави Ворт а пренесе Фрас прес.
Разговорите за зголемување на возраста за пензионирање беа забранета тема во Франција. Правото за добивање на пензија на 60-годишна возраст е воспоставено во 1982 година, а овој закон беше наследство од власта на претседателот-социјалист Франсоа Митеран.
Бугарската новинска агенција Бгнес пренесе дека вчера десетици илјади Французи протестираа во Париз против претстојното прогласување на пензиските реформи.
Според органите на редот 23.000 луѓе беа вклучени во протестот во источен Париз, а синдикатите најавија 70.000./крај/фп/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Џорџа Мелони: Разговорот Трамп – Путин создаде надеж за ставање крај на војната во Украина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека разговорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, создал надеж за завршување на војната во Украина.
„Тоа е првиот зрак на надеж, кој оди во насока на она што беше договорено меѓу администрацијата на Трамп и Зеленски во Џеда“, рече таа.
Мелони исто така го повтори повикот на НАТО да ја прошири заштитата, според член 5, на Украина, без членството на таа земја во алијансата, истакнувајќи дека тоа е единствениот ефикасен план за заштита, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Свет
Зеленски: Путин едно кажува, а друго прави, ќе разговарам со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ветувањето на рускиот колега Владимир Путин оти нема да ја нападне енергетската инфраструктура е многу спротивно на реалноста откако Русија синоќа ја нападна Украина со беспилотни летала.
Зеленски додаде дека подоцна денеска ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и очекува да слушне повеќе за телефонскиот разговор на Трамп со Путин.
„Дури и синоќа, по разговорот на Путин со Трамп, кога Путин рече дека наводно дава наредби да се запрат нападите врз украинската енергетска инфраструктура, во текот на ноќта беа лансирани 150 дрона насочени кон енергетски објекти“, рече Зеленски на прес-конференција во Хелсинки.
Нападите врз цивилните области, каде што беше оштетена болницата, следуваа по одбивањето на Путин да го поддржи 30-дневниот прекин на огнот за време на разговорите со Трамп.
Кабинетот на Трамп оцени дека разговорот меѓу Трамп и Путин е првиот чекор кон мирот.
Сепак, немаше индикации дека Путин се откажал од своите услови за иден мировен договор, на кој Киев жестоко се противи.
Свет
Германија додели дополнителни три милијарди евра воена помош за Украина

Германската влада во заминување одобри доделување дополнителни три милијарди евра воена помош за Украина оваа година, објави денеска „Ројтерс“, која имала пристап до документ од германското Министерство за финансии.
Според поднесокот, германскиот министер за финансии Јерг Кукиезе ја информирал парламентарната буџетска комисија дека се исполнети условите за одобрување распределба на дополнителни средства.
Се очекува в петок собраниската комисија за буџет да ја одобри распределбата на овие средства.