Свет
Најмалку 47 загинати во лизгање на земјиште во Бангладеш

Најмалку 47 лица го загубија животот во големите одрони и лизгање на земјиште во крајбрежната област во југоисточен Бангладеш, пренесе АФП.
Најмалку 47 лица го загубија животот во големите одрони и лизгање на земјиште во крајбрежната област во југоисточен Бангладеш, пренесе АФП.
Жртвите животот го загубиле додека спиеле и останале заробени во своите домови.
Рано утринава одроните го погодија базарот Кокс што се наоѓа на 296 километри јужно од престолнината Дака и шумската област на границата со Мианмар, извести АФП.
Спасувачките екипи и населението ја расчистуваат калта од своите домови, а војниците со помош на водени топови го чистат воениот камп во областа Рама.
Дождовите продолжуваат да леат поради што се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми./крај/блиц/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) „Боинг“ принудно слета откако му се запали мотор на лет од Грција со 273 патници

Авион на „Кондор ерлајнс“ на пат од Грција кон Германија мораше да изврши итно слетување во Италија бидејќи еден од моторите се запали кратко по полетувањето. Инцидентот предизвика паника кај патниците, а еден од нив дури и испратил проштални пораки до своите најблиски од страв, пишува „Њујорк пост“.
„Боинг 757“ со 273 патници и осум членови на екипажот летал од Крф до Дизелдорф во саботата. Проблемите започнале на надморска височина од речиси 11.000 метри кога дошло до прекин на протокот на воздух во турбината. Кратко по 20:00 часот по локално време, преплашените патници забележале пламен што излегува од десната страна на авионот.
A Condor Airlines flight was forced to make an emergency landing in Italy after the plane’s engine had burst into flames shortly after takeoff — prompting one terrified passenger to send out “goodbye texts” to loved ones.
The Boeing 757 carrying 273 passengers and 8 crew members… pic.twitter.com/63rdBoPiHV
— Chat News Hub (@chatnewshub) August 19, 2025
Паниката во кабината брзо се проширила.
„Беше неверојатно ужасно искуство. Веќе испратив пораки за збогум затоа што си реков: „Сега е готово.“, рекол еден патник.
Снимките од инцидентот, снимени од сведоци на земја, беа објавени на социјалните мрежи, на кои се гледа како десниот мотор на авионот повремено исфрла пламен со гласни звуци слични на експлозија.
Yesterday, Condor flight #DE3665, a Boeing 757-300 (D-ABOK) from Corfu to Düsseldorf, suffered engine surges shortly after takeoff with flames and loud bangs reported from the right engine.
The crew shut it down, declared an emergency, and safely diverted to Brindisi, Italy,… pic.twitter.com/5spEYF8uKf— Turbine Traveller (@Turbinetraveler) August 17, 2025
Пилотите реагирале брзо и го пренасочиле авионот кон аеродромот Бриндизи во јужна Италија, каде што слетал безбедно во 20:15 часот, 40 минути по полетувањето.
Авиокомпанијата го потврди инцидентот и изјави дека дефектот е предизвикан од „хемиска реакција што се случила во комората за согорување“ и прекин во снабдувањето со воздух на моторот.
Тие нагласија дека патниците и екипажот во ниту еден момент не биле во опасност.
Сите патници биле превезени во Дизелдорф со друг авион следниот ден наутро.
Свет
Орбан: Само Трамп и Путин можат да го намалат ризикот од Трета светска војна

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, повторно проговори за обидите да се запре војната меѓу Русија и Украина.
Орбан, долгогодишен сојузник на Владимир Путин, рече дека „ризикот од Трета светска војна може да се намали само со средба меѓу Трамп и Путин“.
Во исто време, тој му противречеше на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој претходно изјави дека процесот на членство на Украина во ЕУ треба да се забрза.
„Потврдено е дека членството на Украина во Европската унија не обезбедува безбедносни гаранции; затоа, поврзувањето на членството и безбедносните гаранции е непотребно и опасно“, напиша Орбан на социјалните медиуми.
Тој додаде дека Унгарија ги поздравува чекорите договорени во разговорите меѓу Трамп и Путин и го поддржува продолжувањето на преговарачкиот процес, со акцент на одржување на втора средба меѓу претседателите на САД и Русија.
„Исто така, на дневен ред ја држиме унгарската иницијатива Унијата да предложи одржување на европско-руски самит што е можно поскоро“, рече Орбан.
Свет
Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировна конференција, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.
Минатата година, федералната влада дефинираше правила за давање имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница.
„Ако тоа лице дојде на мировната конференција, а не од приватни причини“, рече Касис на прес-конференција со италијанскиот колега Антонио Тајани во Берн.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја спомена можноста за мировен самит меѓу Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски да се одржи во Европа, и тоа би била една од неутралните земји, можеби Швајцарија. Тој додава дека се залага тоа да биде Женева, инаку и европското седиште на ОН.
Касис е целосно подготвен да организира таков состанок, истакнувајќи ја швајцарската експертиза во оваа област. Сепак, тој додава дека Русија е навредена од Швајцарија.
Имено, таа инаку неутрална европска земја одлучи да воведе санкции кон Москва во согласност со Европската Унија по руската инвазија на Украина во 2022 година.
„Постојано потсетував на мојата подготвеност (да организирам состаноци) за време на контактите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во последните месеци (…) Ми беше кажано дека откако Швајцарија усвои европски санкции, тие природно изгубија дел од желбата да го сторат тоа во Швајцарија“, призна шефот на швајцарската дипломатија.