Контакт

Свет

Анализа на СТРАТФОР: Спротивставени економски гледишта на Франција и Германија

Објавено пред

Во обраќањето до европскиот парламент во вторникот, еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен рече дека Шпанија и Португалија мора да воведат додатни мерки за буџетски кратења во 2011 година, за да успеат да ја остварат целта од три проценти буџетски дефицит до 2013 година

dobivaj vesti na viber

Оваа изјава доаѓа по заедничката прес-конференција на германската канцеларка Ангела Меркел и фрнацускиот претседател Никола Саркози во понеделникот, на која Меркел истакна оти ако Шпанија има проблеми со своите финансии, тогаш таа може „во секое време“ да го активира механизмот за помош на еврозоната, вреден 750 милиони евра. И двете изјави малку ќе сторат за да ја поттикнат довербата кај инвеститорите во економијата на еврозоната. Стравувањата дека грчкиот државен долг некако може да сепрефрлат во Шпанија, во Португалија и во Италија и натаму доминираат, и покрај фактот дека проблемите на Грција се сосема различни – и поекстремни – отколку оние на земјите-членки на „Клуб Мед“ (медитерански држави). изјавата на Рен за додатни мерки го враќа во фокусот прашањето за „економско управување“ на еврозоната, под пшто Европјаните подразбиораат воведување на политчки моќи, соодветни на монетарната унија. Еврозоната е монетарна унја со многу лабава, во суштина, речиси доброволна политичка контрола. нејзината архитектура многу го отежнува процесот на одржување на државните фискални политики врзани за сетот од предвидените ограничувања, особено кон дозволениот буџетски дефицит од три проценти и дозволениот државен долг од 60 проценти од БДП, предвидени со Договорот од Мастрихт од 1992 година. Најбитната тема на состанокот помеѓу Меркел и Саркози во понделникот вечерта беше како да се подобри економското владеење со еврозоната.Германија и Франција имаат различни визии за тоа како треба да се раководи со еврозоната, но и двете признаваат дека несразмерностите помеѓу јужна и северна Европа можат да бидат надминати само со поголема синхронизација на политиките. За Германија, начинот да се подобри синхронизацијата е да се воведе збир на јасни правила (веќе воспоставени преку Пактот за стабилност и раст на еврозоната) и јасни механизми за казнување, ако овие правила се прекршени. Ова значи наметнување на сурови финансиски казни за членките на еврозоната кои не ги почитуваат буџетските лимити, со тоа што крајната казна би била времена суспензија од правото на глас во ЕУ. Последната точка е проблематична и не само поради тоа што ќе бара промена на договорот, процес кој неминовно ќе се завлече додека не го ратификуваат сите 27 членки. како и да е, Германија е подготвена да го истера процесот, за да се осигура дека сите земји-членки на ЕУ – и оние кои се во еврозоната и оние кои не се – ќе се продржуваат кон правилата. Берлин не ска потенцијалните идни членки на еврозоната од источна и централна Евроопа да ги одбегнуваат правилата, особено откако неодамна се открија огромните буџетски проблеми на Унгарија и на Бугарија. Франција, од своја страна, сака сите 16 членки на еврозоната економско владеење да го насочат кон една нова институција на еврозоната, со свој сопствен секретаријат кој би го координирал даночењето и буџетите помеѓу членките на еврозоната кои го користат еврото. Ова би била еволуција без преседан и која на Франција би и дала платформа за наметнување на своето политичко лидерство. Што е уште поважно, тоа на Париз и на другите членки на ЕУ ќе им ја даде можноста да одлучуваат за применливоста на правилата и механизмите на присила наметнати од Германија врз база на системот „случај по случај“. Последно нешто што сега би го сакале Париз, но и Шпанија и другите членки кои го поддржаа францускиот предлог е јасно одреден сет од правила, напипшан од Германија и спроведени од една решителна и многу поимоќна комисија на ЕУ, без простор за маневрирање.германија без сомнение го разбира ова, што е и причината Меркел да не попушти за барањата на Саркози. Официјално, објаснувањето на Меркел е дека ваквата институционална еволуција на еврозоната ќе создаде Европа која се движи по две ленти, со различни нивоа на интеграција. Но, под ова се крие загриженоста дека Франција и земјите-членки на еврозоната од „Клуб Мед“  на крајот ќе ги злоупотребат институциите за да ја одбегнат казната, додека Европјаните од централна и од источна Европа и британците ќе бидат оставени сами на себе, нешто што многу би го израдувало Лондон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иран: Не планираме да го затвориме Хормушкиот Теснец

Објавено пред

Иран засега не планира да го затвори Хормушкиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.

По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.

Преку Хормушкиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“

Објавено пред

Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.

dobivaj vesti na viber

Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.

Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.

Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.

„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Разочаран сум од Стармер

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.

Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.

Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија38 минути

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и по неисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија50 минути

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија2 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија2 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија2 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија3 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија3 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет6 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет6 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет7 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет7 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа7 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет8 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет13 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет13 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет15 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија17 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија18 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...