Свет
Полска избира претседател
Околу 30, 5 милиони Полјаци денеска ќе излезат на избори за нов претседател, по загинувањето на претходникот Лех Качински во авионска несреќа кај Смоленск Русија.
Околу 30, 5 милиони Полјаци денеска ќе излезат на избори за нов претседател, по загинувањето на претходникот Лех Качински во авионска несреќа кај Смоленск Русија. Главна битка ќе се води меѓу сегашниот претседател на Сејмот, привремен шеф на државата и претставник на либералната партија на власт Граѓанска платформа Бронислав Коморовски (58) и братот близнак на загинатиот претседател Јарослав Качински (61) кој е кандидат на десничарската партија Закон и правда. И двајцата кандидати се конзервативни католици. Коморовски вети дека доколку стане шеф на државата, ќе ги повлече полските трупи од Авганистан затоа што минатиот викенд загина полски војник и според него тоа е сериозна состојба. За него , актуелниот премиер Доналд Туск ги кажал најубавите зборови, истакнувајќи дека е човек за компромис. Јарослав Качински е познат како “тврдокорен националист“ кој секогаш се противи на оние одлуки кои се донесени од Европската унија (ЕУ) а ја бранат Русија. Но по несреќата, Качински реши да и подаде на Русија рака на помирување. Тој дури изјави дека за Полска, Москва секогаш ќе биде пред Брисел и Вашингтон. Според аналитичарите, многу се мали шансите да биде избран претседател уште во првиот круг од изборите. Последната анкета на Агенцијата МБ СМГ/КРЦ (MB SMG/KRC) предвидува дека Коморовски ќе освои 44, а Качински 29 отсто од гласовите. Според анкетата на агенцијата ТНС БОР (TNS BOR) Коморовски ќе освои 40 а Качински 35 проценти од гласовите. И Коморовски и Качински ја завршија кампањата во истиот град – Гдањск . Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи по две недели. Лех Качински, неговата сопруга Марија и 95 претставници на полскиот државен врв загинаа на 10 април годинава, а нивната крајна дестинација требаше да биде Катинската шума каде пролетта 1940 година Советската тајна служба стрелала 22.000 полски војници. Падот на авионот предизвика многу сомнежи и причината за смртта на полскиот политички врв се уште не е разјаснета./крај/deutschewelle/ бета/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

