Свет
Угина китот што се насука во дански фјорд

Китот што пред пет дена влезе во дански фјорд и се насука во плитката вода, денеска угина.
Китот што пред пет дена влезе во дански фјорд и се насука во плитката вода, денеска угина.
Китот долг 15 метри и тежок меѓу 20 и 30 тони, се насука во средата на 50 метри од брегот на фјордот Вејле, на западот на земјата. Неговата борба за преживување минатите денови на лице место ја следеа илјадници Данци.
До петокот целосно неподвижен, китот за кратко успеа да се ослободи, но наместо кон отворено море, тој повторно заринка, и покрај обидите на пожарникарските екипи физички да му го попречат патот.
Фатен повторно во замка, китот стар меѓу три и четири години од вчера лежеше неподвижен во 1,5 метри длабока вода. Последните обиди за спасување останаа неуспешни.
Ова е прв кит што се насука во Данска од 1958. година. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп и Зеленски разговараа: Ние сме на вистинскиот пат

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски околу еден час.
„Само што имав многу добар телефонски повик со украинскиот претседател Зеленски. Траеше околу еден час“, напиша Трамп на својата платформа „Трут Соушал“.
Тој истакна дека голем дел од дискусијата се базирала на вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин „за да можат и Русија и Украина да се усогласат со нивните барања и потреби“.
„Ние сме на вистинскиот пат и ќе побарам од државниот секретар Марко Рубио и од советникот за национална безбедност Мајкл Валц да дадат точен опис на точките за кои се разговараше“, рече американскиот лидер, додавајќи дека наскоро ќе биде објавено официјално соопштение.
Трамп и Путин во вторникот, за време на телефонскиот разговор, се согласија Русија привремено ќе ги запре нападите врз украинските енергетски капацитети. Путин рече дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да бидат прекинати во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.
Зеленски претходно денеска најави дека ќе разговара со Трамп и рече дека очекува да слушне повеќе за плановите на американскиот претседател за спроведување на прекинот на огнот.
Свет
Џорџа Мелони: Разговорот Трамп – Путин создаде надеж за ставање крај на војната во Украина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека разговорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, создал надеж за завршување на војната во Украина.
„Тоа е првиот зрак на надеж, кој оди во насока на она што беше договорено меѓу администрацијата на Трамп и Зеленски во Џеда“, рече таа.
Мелони исто така го повтори повикот на НАТО да ја прошири заштитата, според член 5, на Украина, без членството на таа земја во алијансата, истакнувајќи дека тоа е единствениот ефикасен план за заштита, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Свет
Зеленски: Путин едно кажува, а друго прави, ќе разговарам со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ветувањето на рускиот колега Владимир Путин оти нема да ја нападне енергетската инфраструктура е многу спротивно на реалноста откако Русија синоќа ја нападна Украина со беспилотни летала.
Зеленски додаде дека подоцна денеска ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и очекува да слушне повеќе за телефонскиот разговор на Трамп со Путин.
„Дури и синоќа, по разговорот на Путин со Трамп, кога Путин рече дека наводно дава наредби да се запрат нападите врз украинската енергетска инфраструктура, во текот на ноќта беа лансирани 150 дрона насочени кон енергетски објекти“, рече Зеленски на прес-конференција во Хелсинки.
Нападите врз цивилните области, каде што беше оштетена болницата, следуваа по одбивањето на Путин да го поддржи 30-дневниот прекин на огнот за време на разговорите со Трамп.
Кабинетот на Трамп оцени дека разговорот меѓу Трамп и Путин е првиот чекор кон мирот.
Сепак, немаше индикации дека Путин се откажал од своите услови за иден мировен договор, на кој Киев жестоко се противи.