Свет
Французите и Италијанците повторно на улица
Продолжуваат штрајковите во европските земји поради мерките за штедење кои многу влади се присилени да ги спроведат.
Продолжуваат штрајковите во европските земји поради мерките за штедење кои многу влади се присилени да ги спроведат.
Французите се повторно на улиците. Протестираат и Италијанците. Против штедењето се побунија и политичарите.
Со ленти на прстите стотина градоначалници и началници се собраа пред зградата на италијанскиот сенат.
„Буџетот ја убива локалната самоуправа. Се наоѓаме под границата потребна за давање минимална социјална помош за децата, старците и изнемоштените лица3, рече Роса Руса Јерволино, градоначалник на Неапол.
Владата на Берлускони минатиот месец го претстави планот за штедење со кој до крајот на следната година локалната самоуправа ќе остане без 1, 5 милијарди евра.
До 2013 година ќе изгуби дури 13 милијарди евра.
Во Франција повторно штрајк во јавниот сообраќај, образованието, поштите и други јавни установи.
Четирите големи синдикати незадоволни со најавата за покачување на старосната граница за пензионирање на 62 години.
Најавени се улични протести во неколку градови.
„Се надеваме дека ќе соберат повеќе од еден милион луѓе на улиците. Мислам дека оваа бројка може да биде надмината. Можеби два милиони “, вели еден огорчен работник.
Сепак, сообраќајниот метеж и хаос, поради протестите разбесни многу Французи.
„Ова е целосно бесмислено. Не треба да им се дозволи да штрајкуваат “, вели еден Французин кој е противник на протестите.
Премиерот Саркози смета дека реформата во пензискиот систем е потребна. Инаку, велат на државата и се заканува банкрот./крај/индекс/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров до Макрон: Ако сакате сериозен разговор, јавете се, Путин ќе одговори
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги коментираше француските обиди за обновување на дијалогот меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.
„Францускиот претседател Емануел Макрон пред околу две недели повторно рече дека ќе го повика Путин“, нагласи Лавров во интервју за државната телевизија „РТ“.
„Знаете, тоа не е сериозно. Тоа е патетична дипломатија. Ако сакате да се јавите и да водите сериозен разговор, тогаш јавете се. Путин секогаш ќе се јави на телефон. Секогаш ќе ги сослуша сите предлози, особено сериозните“, наведе Лавров.
Двајца европски дипломати, кои зборуваа под услов на анонимност, потврдија за Политико дека советникот на Макрон, Емануел Бон, во вторникот ја посетил Москва со цел да го подготви теренот за обновување на директната комуникација меѓу Путин и Макрон.
Според наводите на еден од дипломатите, Бон се сретнал со Јуриј Ушаков, близок соработник на Путин и член на руската делегација во тековните мировни преговори со Украина.
Француските претставници не сакаа ниту да го потврдат, ниту да го демантираат посетата на Бон во Москва. Истото го направи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој на редовната прес-конференција изјави дека тоа го прави „од солидарност со француската страна“.
Макрон во вторникот изјави дека се во тек „технички разговори“ со цел повторно воспоставување дијалог со Кремљ, додека неговиот кабинет вчера соопшти дека тие разговори се водат транспарентно „и во консултација со претседателот Зеленски и главните европски партнери“.
Макрон во повеќе наврати истакна дека европските држави треба да водат сопствени директни разговори со Москва.
Свет
САД и Иран пред нови преговори, Трамп со предупредување
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека иранскиот врховен лидер треба да биде многу загрижен во пресрет на првите официјални преговори меѓу САД и Иран, по американските напади врз иранскaта нуклеарна програма минатата година, објави Си-Ен-Ен.
Трамп изјави дека Иран ќе се соочи со сериозни последици доколку се обиде повторно да ја активира својата нуклеарна програма, додавајќи дека Вашингтон внимателно ги следи таквите обиди. Истовремено, Иран предупреди дека ќе одговори непосредно и решително на секој евентуален напад, вклучително и со удари врз американски цели во регионот.
Преговорите меѓу двете земји се закажани за утре во Маскат, главниот град на Оман, каде што ќе учествуваат иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф. Сепак, двете страни имаат различни очекувања од разговорите.
Според американската администрација, преговорите треба да ги опфатат не само нуклеарните активности на Иран, туку и балистичките ракети, поддршката на регионални милитантни групи и односот на властите кон сопственото население. Од иранска страна, пак, се најавува дека разговорите ќе бидат ограничени на нуклеарната програма и укинувањето на санкциите.
Трамп истакна дека по американските напади арапските земји повеќе не се плашат од Иран и оцени дека уништувањето на нуклеарната програма било клучно за стабилноста на Блискиот Исток. Во меѓувреме, напнатоста во регионот продолжува да расте, со низа инциденти меѓу американските и иранските сили во Арапското Море и Ормутскиот Теснец.
Свет
САД и Русија преговараат за продолжување на нуклеарниот договор
Соединетите Американски Држави и Русија се приближуваат до договор за продолжување на почитувањето на ограничувањата од нуклеарниот договор Нов СТАРТ и по неговото истекување, објави Аксиос, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.
Разговорите се воделе во Абу Даби во изминатите 24 часа, но засега не е постигнат конечен договор. Белата куќа не го коментираше извештајот. Во меѓувреме, американската војска соопшти дека САД и Русија се согласиле да го продолжат воениот дијалог на високо ниво.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија останува подготвена за дијалог со Вашингтон доколку има „конструктивен одговор“ на предлогот на Москва за продолжување на ограничувањата од договорот Нов СТАРТ. Договорот, потпишан во 2010 година, веќе еднаш беше продолжен за пет години, а секое ново продолжување бара посебна извршна одлука.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе одлучи за следните чекори поврзани со контролата на нуклеарното вооружување, а истовремено изрази желба Кина да се вклучи во идни договори, што Пекинг досега го одбива.
Американската војска оцени дека одржувањето на воениот дијалог е важно за глобалната стабилност и деескалација, нагласувајќи дека повторното воспоставување на комуникацијата доаѓа по средбите на високи воени претставници во Абу Даби.

