Контакт

Свет

„Алекс„ нема да биде закана при чистењето на нафтата во Мексиканскиот залив

Објавено пред

Тропската бура „Алекс“ значително е ослабена, откако премина преку Белизеа и продолжи да се движи кон Јукатан. Иако е проследена со силен дожд и ветер и нема да претставува закана во напорите за чистење на нафтените дамки во Мексиканскиот залив.

dobivaj vesti na viber

Тропската бура „Алекс“ значително е ослабена, откако премина преку Белизеа и продолжи да се движи кон Јукатан. Иако е проследена со силен дожд и ветер и нема да претставува закана во напорите за чистење на нафтените дамки во Мексиканскиот залив, извести денеска американскиот национален центар за урагани.

Метеоролозите за денеска предвидуваат дека Алекс ќе се движи кон јужниот дел на Мексиканскиот залив, што значи дека преминува во категорија на помали урагани, кој на крајот на неделата се очекува да го погоди подрачјето помеѓу градовите Brownsvillea во Tексас и летувалиштето Tuxpana de Rodriguez Cana во Мексико, а напорите за чистење на дамките нема да бидат загрозени.

Алекс е прва тропска бура оваа сезона. Ја пратат ветрови кои дуваат со брзина од околу 65 километри на час, а средиштето моментално и се наоѓа на 90 километри југозападно од мексиканскиот град Четумал.

Адмиралот на американската крајморска стража Тед Ален, вчера изјави дека операциите за чистење на нафтените дамки во Мексиканскиот залив би можеле да бидат прекинати на две недели, ако Алекс ја зафати погодената област и доведе до прекин на работите.крај/хина/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србинка го убила сопругот со рачка од секира додека спиел: „Сакала да ѝ го префрли имотот“

Објавено пред

Четириесет и петгодишна жена од Стара Пазова, Србија, го убила својот сопруг со рачка од секира додека спиел, а како што се сомневаат, нејзиниот љубовник и бил соучесник, пишува српски „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Според сосед на убиениот маж од Стара Пазова, жртвата со години живеела со сопругата, која на крајот го убила.

„Таа сакала имотот да ѝ биде префрлен, но тој одбивал. Поради тоа, тие постојано се карале. Таа беше проблематична, а тој беше навистина добар човек“, рекол жител на Стара Пазова.

Ќерката на убиениот човек раскажала дека на судбоносниот ден, нејзиниот татко им испратил порака од мобилниот телефон на колегите на работа, велејќи дека нема да доаѓа на работа.

„Тоа ни беше чудно на сите нас бидејќи татко ми не знаеше да пишува пораки, знаеше само да одговара на повици. Не се појави на работа кога требаше, што значи дека пораката најверојатно ја испратила од телефонот на татко ми, жената убиец“, рекла ќерката на убиениот.

Како што пишува „Блиц“, сопругата на убиениот маж, ноќта помеѓу 17 и 18 јули во Стара Пазова, го удрила својот сопруг неколку пати по главата со дрвена рачка од секира, по што тој починал на местото на настанот.

После тоа, таа повикала маж, за кој постои сомневање дека е нејзин љубовник, а ноќта помеѓу 18 и 19 јули, двајцата го однеле телото на 60-годишникот до полски пат, каде што го оставиле. Предметите со траги од крв ги фрлиле во нива со пченка недалеку од куќата на убиениот.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Кина започнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш се загрижени

Објавено пред

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот крај на Тибетската висорамнина, со проценета вредност од околу 170 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Проектот е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод, објави кинеската новинска агенција Синхуа, цитирана од Ројтерс. Браната, која ќе се состои од пет каскадни хидроелектрични брани, ќе биде лоцирана во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо и би можела да влијае на милиони луѓе низводно во Индија и Бангладеш.

Властите не кажаа колку луѓе ќе бидат раселени во Тибет поради проектот или како ќе влијае на локалниот екосистем, еден од најбогатите и најразновидните на висорамнината. Но, според кинеските власти, хидроенергетските проекти во Тибет нема да имаат големо влијание врз животната средина или водоснабдувањето низводно. Сепак, Индија и Бангладеш изразија загриженост за браната, како и многу невладини организации.

Се проценува дека браната има капацитет од 300 милијарди киловат часови електрична енергија годишно и се очекува да помогне во задоволувањето на локалната побарувачка за енергија во Тибет и делови од Кина.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Објавено пред

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта. Украинската престолнина беше потресена од експлозии што траеја со часови, а пожари избувнаа во неколку населби, вклучувајќи градинка и неколку станбени згради. Чад ги исполни и станиците на метрото што жителите ги користеа како засолништа.

dobivaj vesti na viber

Како што објавија локалните власти, низ цела Украина повеќе пати се огласила тревогата за воздушни напади, во текот на ноќта, и тоа само неколку дена откако претседателот Володимир Зеленски ја покани Москва на мировните преговори што треба да се одржат следната недела во Турција.

На 19 јули, Зеленски објави дека Украина предложила нова рунда преговори со Русија, по состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Дијалогот со руската страна за размена на затвореници е сè уште во тек – ги спроведуваме договорите постигнати на претходниот состанок во Истанбул“, рече Зеленски. „Нашиот тим работи на нова размена“.

Во меѓувреме, Русија ги засили нападите врз градови далеку од фронтовските линии во последните недели, сè повеќе користејќи комбинација од беспилотни летала и ракети.

За време на ноќниот напад врз Киев, во 1:52 часот по локално време, избувнал пожар на покривот на деловна зграда во градот, потврди шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко. Потоа експлозиите одекнаа низ целиот град: првата серија беше пријавена во 2:16 часот наутро, а другата во 2:25 часот наутро. Нападите продолжија до околу 4 часот наутро.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести дека во областа Днепровска горат киосци на отворено, а станбени згради биле запалени и во областите Шевченковски и Днепровски. Во нападот била изгорена и градинка, но, според Кличко, таму немало повредени.

Едно лице загинало во нападот, потврди Ткаченко: „За жал, имаме информации за едно лице кое починало“. Подоцна додаде дека едно лице е рането. Кличко, исто така, извести дека уште едно лице е повредено во пожар во станбена зграда.

Локалните медиуми објавија дека чад ја исполнил метро станицата Лукијанивска, каде што жителите се засолниле за време на нападот. „Влезот во метро станицата е оштетен, но нема информации за повредени“, рече Ткаченко.

Нападот започна со активирање на воздушната одбрана во регионот на Киев во 23:40 часот на 20 јули, а до 00:24 часот сите региони на Украина беа под закана од воздушен напад. Во 3 часот наутро, повторно беше прогласена воздушна тревога за целата земја откако полетаа руски авиони.

Во западниот град Ивано-Франкивск, градоначалникот Руслан Марцинкив извести дека воздушната одбрана била активирана и во 3:13 часот наутро. Прозорци биле скршени во едно село и имало извештаи за повредени, рече тој во 5:09 часот наутро. До 6:05 часот наутро, уште три села биле погодени, а инфраструктурата била оштетена.

„Ова е најголемиот напад од почетокот на инвазијата“, рече Марцинкив. Тоа е најновиот во серијата напади на Русија насочени кон градови далеку од фронтовските линии, што ги поттикна сојузниците на Украина да ги заострат санкциите кон Москва и да ја потврдат континуираната воена помош.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

(Видео) Кина започнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш се загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа36 минути

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија1 час

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија1 час

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија1 час

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија18 часа

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија19 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија19 часа

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...

Македонија19 часа

(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2....

Економија19 часа

(Видео) Димковски: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови, кажа денеска на...

Топ22 часа

Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на...

Свет23 часа

(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized2 дена

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија2 дена

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија2 дена

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....