Свет
Најмалку 21 мртов во пресметка на нарко картели во Мексико

Вкупно 21 лице е убиено во Мексико ноќта меѓу недела и понеделник, најмногу во градот Сјудад Хуарес, соопштија денеска локалните власти.
Вкупно 21 лице е убиено во Мексико ноќта меѓу недела и понеделник, најмногу во градот Сјудад Хуарес, соопштија денеска локалните власти.
Тие додаваат дека најверојатно станува збор за пресметка меѓу нарко картелите.
Телата се пронајдени на разни подрачја долж границата со САД, а најмногу во Сјудад Хуарес, каде што од 2009. година се убиени 2.600 лица.
Се проценува дека од доаѓањето на претседателот Фелипе Калдерон на власт, во декември 2006. година, во нарко пресметките и судирите со војската и полицијата се убиени 23.000 луѓе ширум земјата.
Аналитичарите сметаат дека шверцот со дрога влијае врз кампањата за локалните избори што во недела се одржуваат во Мексико.
Кандидатот за гувернер на мексиканската држава Тамаулипас, Родолфо Торе и уште најмалку четворица луѓе се убиени вчера во близина на главниот град на оваа држава.
Министерот за внатрешни работи Фернандо Гомес рече дека убиството на Торе е дело на завојуваните нарко-картели.
Калдерон по убиството ги обвини нарко-картелите дека сакаат да се инфилтрираат во изборниот процес.
Нападите и заканите врз кандидатите за изборите ги разбудија стравувањата дека нарко-бандите се обидуваат да ги купат политичарите, но и да ги ликвидираат доколку им се спротивстават. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стотици луѓе на улиците на Израел: протестираат поради одлуката за продолжување на војната во Газа

Израелската полиција употреби воден топ против демонстрантите кои трет ден по ред протестираа против одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го смени шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет Ронен Бар, а неколку демонстранти беа уапсени, пренесоа светските медиуми.
Израелците протестираат и поради одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа, со која беше прекршен двомесечниот прекин на огнот, а Хамас се уште држи 59 израелски заложници.
„Многу сме загрижени бидејќи нашата земја се претвора во диктатура“, изјави Ринат Хадаши (59) во Ерусалим. „Тие ги напуштаат нашите заложници, игнорирајќи се што е важно за оваа земја.
Стотици демонстранти денеска отидоа во официјалната резиденција на премиерот, каде се обидоа да ги пробијат безбедносните кордони и се судрија со полицијата. Планирани се и протести пред воениот штаб во Тел Авив.
Дури и пред војната во Појасот Газа, десетици илјади Израелци учествуваа на редовни протести против напорите на владата да ги ограничи овластувањата на судството.
Од почетокот на војната, има редовни протести на семејствата и поддржувачите на заложниците кои ги држеше Хамас.
Регион
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија.
„Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите на друго место, но во овој текст ги нема“, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека ова е кршење на т.н субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и дека е речиси сигурно дека НАТО не бил информиран за тоа. Пленковиќ додаде дека овој меморандум ги помага напорите на Косово и Албанија во нивните реформи и размена на искуства.
Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за зајакнување на одбранбената соработка, по што Србија најави дека ќе побара итно објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.
„Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација за нас, но ја разбравме нивната порака. Ќе ја спасиме нашата земја, ќе ги одвраќаме и секогаш успешно ќе ја браниме од секој потенцијален агресор, дури и од ваков моќен“, им рече Вучиќ на српските новинари по разговорите во НАТО со генералниот секретар Марко Руте.
Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.