Свет
Нов земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди ноќеска Чиле.
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди ноќеска Чиле.
Се уште нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.
Епицентарот бил во регионот Био Био, на околу 105 километри јужно од градот Концепсион, кој оваа година веќе беше погоден од силен земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтер.
Веднаш по земјотресот е издадено предупредување за можност од цунами.
Во февруари Чиле го погоди земјотрес, при што загинаа 486 луѓе, а 79 исчезнаа. Земјотресот предизвика штета од 30 милијарди американски долари./крај/вхр/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Италија е меѓу најизложените членки на ЕУ на американските царини

Американските царини од 30 проценти за стоки од Европската Унија би можеле да го намалат БДП-то на Италија за 0,8 проценти во 2027 година, предупреди здружението Конфиндустрија.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини од 30 проценти за увоз на стоки од ЕУ на 1 август, предупредувајќи на „цврстата“ позиција на Брисел во преговорите за трговија.
Министерот за трговија, Хауард Лутник, изјави во неделата дека има „доволно простор за маневрирање“ за договор со европските земји.
Доколку САД навистина ги воведат, вредноста на италијанскиот БДП би можела да се намали за 0,25 проценти оваа година, и за 0,59 проценти во 2026 година и за 0,8 проценти во 2027 година, под услов ЕУ да не возврати со контрамерки, пресмета Конфиндустрија.
Брисел веќе подготви пакет мерки што предвидуваат царини за увоз на американска стока во вредност од 21 милијарда евра, но го одложи нивното усвојување до 6 август. Тие сè уште не постигнале договор за дополнителни контрамерки што би го опфатиле американскиот увоз во вредност од 72 милијарди евра, забележува Ројтерс.
Проценката на консултантската фирма EY е уште помрачна и покажува дека американските царини од 30 проценти би го намалиле БДП на Италија за 1,4 проценти во периодот 2025-2026 година, при што економската активност ќе стагнира.
Пред една недела, шефот на Конфиндустрија, Емануеле Орсини, предупреди дека извозот на ЕУ во САД веќе страда поради зајакнувањето на еврото во однос на доларот и може да толерира само нулта царинска стапка.
Доларот, од сите светски валути, најмногу ослабе во однос на еврото, нагласи Орсини, предупредувајќи дека во наредните месеци, според пресметките на здружението на италијанската индустрија, доларот би можел да биде во минус во однос на заедничката европска валута за дури 20 проценти.
Според него, со воведувањето царини, работите целосно би излегле од контрола бидејќи поевтиниот долар сам по себе е еден вид „највисока царина“ што првично ја става Европа во полоша позиција.
Зголемувањето на царинската стапка од страна на Америка за еден процентен поен би значело загуба од 874 милиони евра за италијанските извозници, пресмета Конфиндустрија, без да прецизира во кој временски период.
Минатата година, ЕУ забележа трговски суфицит со САД од приближно 200 милијарди евра, според податоците на Евростат. Убедливо најголем извозник беше Германија со вредност на испорачаната стока од 161 милијарда евра. На второ место е Ирска со 72 милијарди евра, а на трето место е Италија со 65 милијарди евра.
Италија главно извезува машини, фармацевтски производи, автомобили и прехранбени производи како што се маслиново масло, тестенини, сирење и вино во САД.
Свет
Американски сенатор: Трамп планира да воведе стопроцентни царини за земјите што купуваат руска нафта

Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини за земјите што купуваат руска нафта, вклучувајќи ги Кина, Индија и Бразил.
Овие три земји купуваат околу 80 проценти од руската нафта по намалени цени, со што ја финансираат руската воена машинерија, според Греам, пренесуваат светските медиуми.
„Путин, твој ред е. Доналд Трамп ќе те среди. Тој ќе воведе царини за оние што купуваат руска нафта – Кина, Индија и Бразил“, изјави Греам за „Фокс њуз“.
„Овие земји ќе мора да изберат помеѓу Путин и американската економија“, додаде Греам.
Републиканскиот сенатор истакна дека плановите на Трамп би можеле да вклучуваат царини до 100 проценти за земјите што продолжуваат да соработуваат со Русија, доколку Москва не одговори на ултиматумот во врска со војната во Украина во рок од 50 дена. Тој го спореди тој потег со претходниот американски притисок врз Иран.
Изјавата на Греам доаѓа откако Трамп постави строг рок за Русија, а предлогот за нов пакет санкции против Москва веќе доби широка поддршка во Претставничкиот дом на САД.
Фото: принтскрин
Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин