Свет
Цените на металите растат, домашните рудници сў уште мртви
За стартот на "Саса" пристигнуваат добри вести, но не се многу оптимистички за ,"Злетово" и "Тораница"
За стартот на "Саса" пристигнуваат добри вести, но не се многу оптимистички за ,"Злетово" и "Тораница"
"Саса" ќе стартува во април или во мај, а од "Ксеминекс" најавуваат нов рок за "Злетово" – првиот квартал од идната година
ИВАН БОЈАЏИСКИ
ШТИП – Цените на обоените метали на светската берза секојдневно растат, но нашите рудници за олово и цинк сў уште не се активирани. Иако "Тораница", "Злетово" и "Саса" добија странски стратегиски инвеститори, состојбата со нив сў уште не е променета. Надежни информации пристигнуваат од Македонска Каменица, од рудникот "Саса" во чии окна 140 рудари ги вршат неопходните подготовки за рестарт, кој е планиран за напролет. Најава за скорешен рестарт на рудниците во Пробиштип и Крива Паланка доаѓа и од нивниот стратегиски инвеститор, американската компанија "Ксеминекс", но на бизнисмените што стојат зад истата компанија помалку им се верува отколку што е тоа случај со "Саса", која за нов сопственик ја има руската компанија "Ромтрејд".
На "Ромтрејд" му се верува од две причини. Првата, оваа компанија пред околу една година го купи рудникот за бакар "Бучим" кај Радовиш и во него ги исполни сите ветувања. Втората е во фактото што во "Саса", во меѓувреме престојуваа многу менаџери од светски познати производители на рударска и флотациска опрема, што говори дека во овој рудник сериозно се работи на неговата квалитетна обнова. Слабата доверба која ја има "Ксеминекс", пак, е резултат на честите најави за рестарт, последната беше за март годинава.Покрај ова, пробиштипјани тврдат дека во рудникот не се чувствува раздвиженост и дека само мал број лица се ангажирани таму, што не е доволно за брз рестарт на рудник од таков калибар. Истото важи и за рудникот "Тораница".
Од "Ксеминекс" вчера добивме информација дека ситуацијата во "Злетово" е значително подобрена."Менаџерскиот тим успешно се приближува до рестартувањето на рудникот и цврсто ветуваме дека овој рудник ќе биде пуштен во редовна работа во првиот квартал од идната година" – се вели во дописот кој ни го испратија од "Ксеминекс". Од оваа компанија тврдат дека рударите добиле голем дел од заостанатите плати, а биле исполнети и сите други правни обврски кои компанијата ги има спрема своите вработени.
За "Тораница" од американската компанија тврдат дека ги платиле сите пари, но сега таму има проблем со единственото отворено прашање хипотеката врз флотацијата. "Ксеминекс" доставил до Министерството за финансии неколку можни опции за решавање на тој проблем и сега се очекува повратен одговор, односно предлогот на решенијата од страна на ова министерство.
Во "Саса" може да се забележи дека работите на подготовка на рудникот забрзано се одвиваат. Рудникот го доби својот директор, Русинот Димитри Кударков. "Ромтрејд" платил аванс за набавка на комплетно нова флотација од најпознатиот светски производител како и комплетна опрема , исто така, од фирма од Шведска. Стручњаци ангажирани за подготовка на рудникот тврдат дека "Саса" ќе стартува со производство во април или во мај идната година, дека во неа ќе има работа за 920 рудари и дека вкупните инвестиции ќе бидат над 26 милиони долари.
Инаку, вкупниот капацитет на трите рудници е 1,7 милиони тони сурова руда. Тие заедно со рудникот за бакар "Бучим" можат да обезбедат стотина милиони долари девизен прилив годишно. И токму поради тоа нивното пуштање во производство мора да се забрза, а секое натамошно тактизирање ќе биде на штета и на државата и на рударите. Во трите рудници треба да се вработат околу 2.700 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„ВизЕр“ и „ФлајДубаи“ организираат летови за враќање на Унгарците од Блискиот Исток
Унгарија организира враќање на своите граѓани кои се заглавени на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот. Два авиона, секој со 90 патници, ќе полетаат од Аман, Јордан, утре и четврток, изјави денес министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Тој додаде дека е можно да се влезе во Јордан од Израел преку два копнени гранични премини. Во исто време, „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови од Египет, а авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати исто така делумно го обновуваат сообраќајот, објавува Daily News Hungary.
Во гостувањето во подкастот „Час на вистината“, Сијарто објасни дека во Израел има многу унгарски граѓани кои можат да ја напуштат земјата со одење во Јордан или преминување во Египет преку граничниот премин отворен 24 часа на ден.
За да се олесни враќањето на Унгарците што пристигнуваат во Египет, авиокомпанијата „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови до Шарм ел Шеик од сегашните три на десет неделно, потврди министерот.
„Воздушниот сообраќај од Обединетите Арапски Емирати е делумно обновен, а авион на ‘ФлајДубаи’ полета за Унгарија попладнево“, објави Сијарто на „Фејсбук“.
Министерот потсети на напнатата ситуација во регионот, наведувајќи дека Иран ги продолжил своите сеопфатни напади врз земјите од Заливот преку ноќ и дека беспилотни летала биле насочени и кон амбасадата на САД во Ријад.
„Повеќето земји сè уште го држат својот воздушен простор затворен“, рече Сијарто, додавајќи дека „Катар ервејс“ сè уште не дал информации за продолжување на летовите.
Од друга страна, тој го потврди денешниот лет на „ФлајДубаи“, кој превезува патници со веќе купени билети.
„’Емирејтс’, исто така, ги обнови летовите, а неколку унгарски граѓани веќе го напуштија регионот, летајќи кон разни европски дестинации“, заклучи министерот.
Свет
Шпанија одговори на заканите на Трамп за прекин на трговските односи
Шпанската влада одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за прекинување на трговските односи со Шпанија, која ја нарече „ужасен“ сојузник поради наводно несоработка во врска со воените бази.
Во соопштението, владата посочува дека ако Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, „ќе мора да го стори тоа почитувајќи ја автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу Европската Унија и САД“, објави RTVE.es.
Владата, исто така, ја бранеше позицијата дека Шпанија е клучна членка на НАТО која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија.
„Ние сме исто така извозна сила на ЕУ и сигурен трговски партнер за 195 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД, со кои одржуваме историски и меѓусебно корисни трговски односи“, се наведува во соопштението.
И покрај сè, Мадрид посочи дека Шпанија ги има потребните ресурси за ублажување на евентуалните удари, за помош на секторите што би можеле да бидат погодени и за диверзификација на синџирите на снабдување.
Во секој случај, се додава во соопштението, волјата на владата е и секогаш ќе биде да се залага за слободна трговија и економска соработка меѓу земјите, со меѓусебно почитување и почитување на меѓународното право.
фото/Depositphotos
Свет
Израелска војска: Нападнавме таен ирански нуклеарен комплекс
Израелските воздухопловни сили нападнаа тајна иранска нуклеарна локација во предградието на Техеран порано денес, објави израелската војска.
На прес-конференција, портпаролката на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин, изјави дека група нуклеарни научници „тајно работеле на развој на капацитети потребни за нуклеарно оружје“ во делумно подземниот објект.
Според ИДФ, по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025 година, за време на која цел беа иранските нуклеарни објекти, Иран „не ги запрел своите воени нуклеарни активности и продолжил да развива капацитети потребни за нуклеарно оружје, истовремено преместувајќи ја инфраструктурата на подземна локација заштитена од воздушни напади“.
ИДФ соопшти дека ги следела активностите на иранските нуклеарни научници и „ја лоцирала нивната нова локација, што овозможило прецизен удар врз тајниот комплекс“.
фото/Depositphotos

