Свет
Премиерот презадоволен од "Орфејка"
Ревизорот го поткажа Бучковски дека како министер за одбрана ја привилегирал туристичката агенција "Орфеј" и незаконски набавувал авионски карти само од кај неа, а дружењето со истата агенција продолжи и кога тој стана премиер.
БУЧКОВСКИ НЕ ЈА МЕНУВА ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА
Ревизорот го поткажа Бучковски дека како министер за одбрана ја привилегирал туристичката агенција "Орфеј" и незаконски набавувал авионски карти само од кај неа, а дружењето со истата агенција продолжи и кога тој стана премиер. Шпекулациите дека "Орф
И како премиер, Владо Бучковски не се откажува од туристичката агенција"Орфеј". Ревизорот го поткажа Бучковски дека како министер за одбрана ја привилегирал оваа агенција и незаконски набавувал авионски карти само од кај неа. Но, туристичката фела веднаш прокоментира оти ни кога седна на чело на Владата, Бучковски не ја промени навиката и продолжи да си лета преку "Орфеј".
Владата ја има регулирано набавката на авионски карти за патувањата за членовите на Владата и на другите функционери и раководни лица во државната управа преку избор на најповолни понуди. На тендер се одбрани четири агенции – "Авиотурс" ДОО, "Арка-Г" ДООЕЛ,"Орфеј"ДОО и "Еуро турист клуб"ДОО, сите од Скопје, од кои владината Служба за општи и заеднички работи бара најповолна понуда за организирање специјални летови.
"Токму за да нема сомневања дека има врзување со одредена агенција, кога некое министерство ќе побара од нас да организираме патување, од овие четири агенции бараме понуди и ја бираме најповолната", вели Горан Минчев, директор на Службата за општи и заеднички работи. Тој вели дека не знае дали премиерот најмногу патувал со карти набавени преку "Орфеј".
"Не гледам ништо страшно ако "Орфеј" дал најдобра понуда и ако најчесто се земале авиобилети преку таа агенција. Како директор инсистирам да се одбере најповолната понуда. Зар да давам повеќе пари само да не биде "Орфеј". Кај мене никоја од другите агенции не реагирала, а ако дојдат, ќе им дадам писмена аргументација дека "Орфеј" кога победила, дала најповолна понуда", објаснува Минчев.
Тој го толкува како пропуст на некое министерство ако самоиницијативно организира патувања. Токму на ваков случај укажуваат во една од агенциите вклучени во тендерот. "Кога одеше премиерот за САД, воопшто не беше побарана понуда од нас".
Во "Авиотурс" велат дека не можат да одат и да проверуваат за секоја карта чија понуда била најдобра. "Ќе покаже наредната ревизија", велат во Авиотурс. Премиерот не летал преку оваа агенција, а Министерството за надворешни работи – само 2-3 пати годинава.
Шпекулациите дека "Орфеј" и продава најмногу карти на Владата, се врзуваат и со семејното пријателство меѓу сопственичката на агенцијата "Орфеј", Снежана Јовановска, со семејството на Премиерот. Заедно со Анета Бучковска беа видени на последната Модна недела во Скопје. Неодамна, од роденденската прослава на Жана, во магазинот "Вип гала" излезе фотографија од заедничкото дување свеќички со Анета. На прославата беше и премиерот. Жана не пропушта прилика да биде во бизнис делегациите кои на повеќе европски патувања но и на она во САД, го следат премиерот. Беше и во бизнис-делегацијата кога премиерот беше во Брисел.
Јовановска одговара на нападите: "Ова е валкана конкурентска борба. Не сум привилегирана. И да се набавувале повеќе карти преку Орфеј, изборот на агенција е работа на навика, доверба и квалитет. Ги посетувам бизнис форумите и саемите веќе 15 години и одам онаму каде има бизнис интерес. На другите агенции подобро ќе им биде да работат, а не да ги бројат моите пари", вели Јовановска.
А.Салтировска
***
Сладок колач
Неофицијално, се врти бројка од околу 2,5 милиони евра кои годишно Владата ги троши за авиобилети. Агенциските работници објаснуваат дека агенциска провизија или ќарот, почнува од 9 отсто од цената на билетот па може да се искачи до 13 или 15 отсто. Ако една агенција успее да зафати само 50 отсто од авиобилетите, тоа е чиста заработка од над 100.000 евра годишно.
Во Буџетот за 2006, под ставката "патни и дневни расходи" на буџетските корисници се запишани 841 милиони денари, но тука влегуваат не само авиобилетите туку и дневниците.
***
Одбрана: Извонредна соработка со Жана
Правдајќи се зошто Министерството за одбрана набавувало авионски билети само од "Орфеј", државниот секретар Никола Петревски, неодамна изјави:
"Со туристичката агенција "Орфеј" Министерството за одбрана има извонредна соработка од 2002 година. Ние сме презадоволни од услугите што ги добиваме од неа. Да ве известам дека Владата имаше тендер со кој четири туристички агенции беа определени да ги вршат услугите за сите буџетски корисници" одговори Петревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„ВизЕр“ и „ФлајДубаи“ организираат летови за враќање на Унгарците од Блискиот Исток
Унгарија организира враќање на своите граѓани кои се заглавени на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот. Два авиона, секој со 90 патници, ќе полетаат од Аман, Јордан, утре и четврток, изјави денес министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Тој додаде дека е можно да се влезе во Јордан од Израел преку два копнени гранични премини. Во исто време, „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови од Египет, а авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати исто така делумно го обновуваат сообраќајот, објавува Daily News Hungary.
Во гостувањето во подкастот „Час на вистината“, Сијарто објасни дека во Израел има многу унгарски граѓани кои можат да ја напуштат земјата со одење во Јордан или преминување во Египет преку граничниот премин отворен 24 часа на ден.
За да се олесни враќањето на Унгарците што пристигнуваат во Египет, авиокомпанијата „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови до Шарм ел Шеик од сегашните три на десет неделно, потврди министерот.
„Воздушниот сообраќај од Обединетите Арапски Емирати е делумно обновен, а авион на ‘ФлајДубаи’ полета за Унгарија попладнево“, објави Сијарто на „Фејсбук“.
Министерот потсети на напнатата ситуација во регионот, наведувајќи дека Иран ги продолжил своите сеопфатни напади врз земјите од Заливот преку ноќ и дека беспилотни летала биле насочени и кон амбасадата на САД во Ријад.
„Повеќето земји сè уште го држат својот воздушен простор затворен“, рече Сијарто, додавајќи дека „Катар ервејс“ сè уште не дал информации за продолжување на летовите.
Од друга страна, тој го потврди денешниот лет на „ФлајДубаи“, кој превезува патници со веќе купени билети.
„’Емирејтс’, исто така, ги обнови летовите, а неколку унгарски граѓани веќе го напуштија регионот, летајќи кон разни европски дестинации“, заклучи министерот.
Свет
Шпанија одговори на заканите на Трамп за прекин на трговските односи
Шпанската влада одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за прекинување на трговските односи со Шпанија, која ја нарече „ужасен“ сојузник поради наводно несоработка во врска со воените бази.
Во соопштението, владата посочува дека ако Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, „ќе мора да го стори тоа почитувајќи ја автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу Европската Унија и САД“, објави RTVE.es.
Владата, исто така, ја бранеше позицијата дека Шпанија е клучна членка на НАТО која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија.
„Ние сме исто така извозна сила на ЕУ и сигурен трговски партнер за 195 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД, со кои одржуваме историски и меѓусебно корисни трговски односи“, се наведува во соопштението.
И покрај сè, Мадрид посочи дека Шпанија ги има потребните ресурси за ублажување на евентуалните удари, за помош на секторите што би можеле да бидат погодени и за диверзификација на синџирите на снабдување.
Во секој случај, се додава во соопштението, волјата на владата е и секогаш ќе биде да се залага за слободна трговија и економска соработка меѓу земјите, со меѓусебно почитување и почитување на меѓународното право.
фото/Depositphotos
Свет
Израелска војска: Нападнавме таен ирански нуклеарен комплекс
Израелските воздухопловни сили нападнаа тајна иранска нуклеарна локација во предградието на Техеран порано денес, објави израелската војска.
На прес-конференција, портпаролката на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин, изјави дека група нуклеарни научници „тајно работеле на развој на капацитети потребни за нуклеарно оружје“ во делумно подземниот објект.
Според ИДФ, по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025 година, за време на која цел беа иранските нуклеарни објекти, Иран „не ги запрел своите воени нуклеарни активности и продолжил да развива капацитети потребни за нуклеарно оружје, истовремено преместувајќи ја инфраструктурата на подземна локација заштитена од воздушни напади“.
ИДФ соопшти дека ги следела активностите на иранските нуклеарни научници и „ја лоцирала нивната нова локација, што овозможило прецизен удар врз тајниот комплекс“.
фото/Depositphotos

