Свет
СДСМ е против анкетна комисија за "тајните сметки"
СДСМ е против предлогот на пратениците од ВМРО-НП да се формира анкетна комисија која ќе ја утврди политичката одговорност за случајот "тајни сметки во швајцарски банки", бидејќи нема судска разрешница за случајот, решило партиското раководство.
ЦРВЕНКОВСКИ ЕКСПРЕСНО ПРИФАТИ, но…
СДСМ е против предлогот на пратениците од ВМРО-НП да се формира анкетна комисија која ќе ја утврди политичката одговорност за случајот "тајни сметки во швајцарски банки", бидејќи нема судска разрешница за случајот, решило партиското раководство.
ВМРО-Народна побара собраниска анкетна комисија да ја утврди политичката одговорност на претседателот на државата Бранко Црвенковски и на поранешниот премиер Хари Костов за обвинувањата дека имаат тајни сметки во банки во Швајцарија.
– Вистинска разрешница може да дадат само судските инстанци. Не сакаме претседателот да го доведеме во ситуација да биде испрашуван од анкетна комисија, зашто тој не е функционер избран од Собранието. Во услови кога институциите треба да бидат насочени кон исполнување на барањата од Европската комисија, таква непродуктивна расправа може да го закочи тој процес – изјави Јани Макрадули, шеф на пратеничката група на СДСМ.
Во кабинетот на претседателот не сакаа да ја коментираат одлуката на СДСМ, ниту на која било политичка партија и кратко изјавија дека Црвенковски целосно ја поддржува иницијативата, бидејќи бара да се расчисти скандалот со вклучување на сите надлежни институции за да се утврди кој стои зад тоа. (Т.П.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вели дека Америка треба да се повлече од војната во Украина
Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, изјави дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка, Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
„Бајден и Камала не’ воведоа во војната во Украина и сега не можат да не’ извлечат. Не можат да не’ извлечат“, рече Трамп во својот говор во Џорџија.
САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе“, рече Трамп.
Свет
Зеленски: Војната со Русија е поблиску до крајот отколку што мислат луѓето
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека војната со Русија е поблиску до крајот отколку што се мисли.
„Мислам дека сме поблиску до мир отколку што мислиме. Само треба да бидеме многу силни“, изјави Зеленски за ABC News.
Тој додаде дека победничкиот план што ќе му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе бара од сојузниците да „помогнат за зајакнување“ на украинската армија.
Регион
Словенија го повика на разговор израелскиот амбасадор: „Израел го ескалира насилството“
Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.
Како што рече министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.
„Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации“, најави таа.
Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.
Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на тоа тело денеска откако Израел го започна најсилниот бран воздушни напади против Хезболах во Либан во последните децении, во кои загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.