Контакт

Свет

Мрачната одредница на Сиудад Хуарез: 6.000 мртви

Објавено пред

Секојдневните убиства во мексиканскиот град Сиудад Хуарез, директно наспроти градот Ел Пасо во Тексас, САД, станаа толку нормална појава, што повеќе не шокираат, јавува агенцијата Ројтерс, пренесува Макфакс

dobivaj vesti na viber

Секојдневните убиства во мексиканскиот град Сиудад Хуарез, директно наспроти градот Ел Пасо во Тексас, САД, станаа толку нормална појава, што повеќе не шокираат, јавува агенцијата Ројтерс, пренесува Макфакс.

Доколку овој град не ги отфрли сите претходни индикатори и не спроведе драматичен преврат во сферата на безбедноста, бројот на мртвите од почетокот на нарко–војната во јануари 2008 година овој месец ќе достигне 6.000. Тоа е повеќе отколку сите загинати американски војници во војните во Ирак и во Авганистан заедно. Тоа е исто така трагична одредница, постигната со убиствата на претежно малолетните платени убијци, на полицајци, зависници од дрога, дилери и луѓе кои не успеале да ги „исплукаат“ парите за рекет или за откуп по грабнување.

Мрачната етикета го истакнува силниот пад на Сиудад Хуарез, кој во текот на 1990-те години беше фален како пример  на слободната трговија, градот кој преку Северноамериканскиот договор за слободна трговија требаше да донесе просперитет и стабилност за целиот регион со своите фабрики за машини за садови и телевизори, сместени на самата граница. Регионот Сиудад Хуарез – Ел Пасо навистина оствари промет од околу 50 милијарди долари во 2008 година, но многу малку од тоа богатство остана во Сиудад Хуарез.

Федералната полиција за агенцијата Ројтерс минатиот месец изјави дека бројот на убиствата се намалил откако тие ја преземале контролата врз градот во април годинава. Но, се чини дека ништо не може да биде подалеку од вистина од ова тврдење. Според бројките објавени во угледниот дневен весник од Сиудад Хуарез, „Ел Диарио“, јуни бил најкрвавиот месец со 306 убиства, а во јули може и да се надмине таа бројка, бидејќи само во првите 13 дена од месецот се убиени 130 луѓе.

Она што се повеќе станува јасно е дека нарко-војната во градот си добива своја сопствена животна форма и повеќе не е ограничена на борбата за територија помеѓу врвниот шверцер од провинцијата Синалоа, Хоакин „Шорти“ Гузман, најбараниот човек во Мексико и доминантниот картел „Хуарез“. Иако Сиудад Хуарез и натаму останува најстратешката порта кон пазарот на наркотици во САД, борбата се води и за локалниот нарко-пазар, кој збувна на преку 200.000 зависници во град со 1,5 милиони жители. Секој кој продава дрога за десетиците нарко-банди под чадорот на картелите од Синалоа или од Хуарез се наоѓа на линијата на огнот. Активистите за човекови права и експертите за трговија со дрога обвинуваат дека илјадниците федерални полицајци и војници кои беа испратени за да ја потиснат трговијата со дрога се длабоко инволвирани бизнисот со наркотици. Силите за безбедност негираат какви и да било неправилности.

Нештата не изгледаат добро за Сиудад Хуарез. Ветувањата на претседателот Фелипе Калдерон, дадени  во февруари, дека ќе создаде работни места, ќе ги намами младите да ги напуштат нарко-бандите и ќе ги регенерира најопасните делови на градот, се уште не донесоа резултати. Наредниот градоначелник на градот, кој треба да ја преземе функцијата во октомври, е обвинет дека е човек на картелот „Хуарез“, иако тој негира какви и да било врски со картелот. Гувернерот на федералната држава Чихуахуа, во која е и Сиудад Хуарез, беше обвинет дека во текот на неговата предизборна кампања користел авион во сопственост на локален бизнисмен, кој беше уапсен од ФБИ во јуни годинава под обвинение дека перел пари за нарко-картелите. Многу неславен почеток и за двајцата. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида

Објавено пред

Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.

dobivaj vesti na viber

Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.

Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.

Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.

Ниеден агент не е повреден.

Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.

Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Објавено пред

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.

dobivaj vesti na viber

Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.

Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.

Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.

Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара

Објавено пред

На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.

dobivaj vesti na viber

Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.

На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.

Засега не е познато дали детето е повредено.

Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида

Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз. Како што...

Свет1 час

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет3 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет5 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет5 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет6 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет7 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет7 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет8 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...