Свет
Источноазиските мажи бараат сопруги надвор од земјата
Сé поголем е бројот на мажи во источна Азија, особено во Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, кои мораат да бараат сопруги во странство, поради се помалиот број на слободни жени во нивните земји, пренесува Бета.
Сé поголем е бројот на мажи во источна Азија, особено во Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, кои мораат да бараат сопруги во странство, поради се помалиот број на слободни жени во нивните земји, пренесува Бета.
„Од почетокот на 90-тите години многу мажи во Источна Азија се вртат кон странство да бараат сопруги“, наведува Даниел Беланже, социолог, од канадскиот универзитет во Онтарио, во студијата што во понеделник ја објави францускиот Национален институт за демографски студии.
Во овие три земји „увезените“ сопруги претставуваат најголема група меѓу новите имигранти, ако не се земат во предвид привремените работници – мигранти.
Појавата на склучување на бракови со жени од странство почна во 1980 година во Јапонија, но во оваа земја не зема големи размери, па така во 2000 година само околу 5 до 6 отсто од новите бракови се склучени со жени од странство.
Од друга страна пак, се наведува во студијата, мажите во овие земји имаат обврска да ја продолжат семејната лоза и да добијат син, а во повеќето случаи и да им помогнат на старите родители, поради што не можат да останат неженети.
Сопругите воглавно потекнуваат од Кина и Виетнам, а тие се мажат за сопруг од сиромашните рурални реони, но овој тип на бракови се шири и кај средната класа во градовите.
Агенциите за склучување на бракови дури и се специјализирале за овој „бизнис“, а за нивните услуги семејството на мажот плаќаат од 5.000 до 10.000 евра.
Авторката на студијата наведува дека повеќето од жените – мигранти влегуваат во браковите по своја желба, а не под притисок на родителите, со две цели – да се омажат и да емигрираат./крај/бета/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

