Свет
Најмалку осум преживеани во авионската несреќа во Пакистан
Пакистанските спасувачки служби пронашле осум преживеани лица по падот на патничкиот авион на компанијата „Ер блу“, што во среда наутро се урна во близина на Исламабад, пренесува телевизијата Dawn News.
Пакистанските спасувачки служби пронашле осум преживеани лица по падот на патничкиот авион на компанијата „Ер блу“, што во среда наутро се урна во близина на Исламабад, пренесува телевизијата Dawn News.
Според неофицијални податоци, бројот на преживеани може да достигне над 40 патници.
Во авионот, кој се обраќал на линијата Карачи – Исламабад, патувале вкупно 146 патници и шест членови на екипажот.
Според очевидци, на местото на инцидентот се издигнува густ облак од чад. Првичните информации говорат дека авионот се обидел да слета на аеродромот во Исламабад при лоши временски услови. /крај/риа/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Средба на министерот Муртезани со амбасадорот на Словачка, Маркуш
Министерот за европски прашањa, Орхан Муртезани, оствари средба со Амбасадорот на Словачка, Хенрих Маркуш. Средбата се одржа во духот на заемната соработка и пријателските односи меѓу двете земји.
Главна тема на дискусијата беше процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската унија, при што беа разменети мислења за актуелните предизвици и перспективите на земјата во овој контекст. Министерот Муртезани ја истакна посветеноста на Владата на Северна Македонија во спроведувањето на реформите кои се од клучно значење за забрзување на интегративниот процес.
Од страна на Амбасадорот Маркуш беше потенцирана поддршката на Словачка за евроинтегративните аспирации на Северна Македонија, како и интересот за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Амбасадорот, исто така, истакна дека Словачка има голем потенцијал за развојна соработка и поддршка на земјите во развој и изрази уверување дека постои добар потенцијал за проширување на нашата билатерална соработка во оваа насока.
Бидејќи Северна Македонија е меѓу партнерските региони на SlovakAid, заедно со останатите земји од Западен Балкан, ова дава простор за подлабока и проширена соработка на регионално ниво.
На средбата, исто така, беа разгледани можностите за засилена соработка во повеќе области од заеднички интерес, со цел понатамошно унапредување на врските меѓу Северна Македонија и Словачка.
Свет
Шолц го блокира испраќањето нов пакет-оружје за Украина
Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска го блокира предлогот за испраќање дополнителен пакет-помош за Украина во форма на оружје, кое се проценува на три милијарди евра, објави денеска „Дер шпигел“.
Планот наводно бил претставен од страна на министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, и министерот за одбрана, Борис Писториус, како сигнал за непоколебливата поддршка на Германија за Украина.
Целта беше да ѝ се обезбедат на Украина клучни системи за оружје вклучувајќи три дополнителни батерии за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува оти новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува „Анадолија“.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го иницира контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите Американски Држави.