Свет
Раскошното венчавање на Челзи Клинтон проследено со огномет и критики
Ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и актуелната државна секретарка Хилари Клинтон, во сабота се венчаше со нејзиното долгогодишно момче, инвестицискиот банкар Марк Мензвински на раскошната свадба одржана на имотот Астор Кортс во гратчето Рајнбек во државата Њујорк.
Ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и актуелната државна секретарка Хилари Клинтон, во сабота се венчаше со нејзиното долгогодишно момче, инвестицискиот банкар Марк Мензвински на раскошната свадба одржана на имотот Астор Кортс во гратчето Рајнбек во државата Њујорк.
Бил и Хилари Клинтон објавија со соопштение дека нивната ќерка Челзи и Марк Мезвински се венчаа. Медиумите беа исклучени од свеченоста.
„Денеска со голема гордост, скршени од емоции гледавме како Челзи и Марк се венчаа на прекрасна церемонија на Астор Кортс, опкружени со родителите и блиски пријатели“ се наведува во соопштението, кое го пренесуваат американските ТВ мрежи.
На свеченоста беа присутни повеќе од 400 гости. Трошоците за венчавањето се проценети на три до шест милиони долари, а само свадбената торта чинела 11.000 долари.
Венчавката беше проследена со голем огномет, накитот чинеше 250.000 долари, 200.000 долари се издвоени за безбедност, 250.000 долари за проба на свадбената вечер или во просек 6.000 по гостин.
Во земјата која бавно се опоравува од рецесијата во последните 80 години, има околу 14 милиони невработени, ваквото расфрлање со богатството предизвика критики за брачниот пар Клинтон.
Венчавањата во Америка одамна стана посебна индустрија, која годишно донесува околу 40 милијарди долари, но со оглед на тоа што просечната цена за 2,5 милиони венчавање во годината изнесува 28.000 долари, венчавањето на ќерката на Клинтонови далеку отскокнува.
На порталот „nowBuz“ конзервативниот колумнист Роберт Пол Рејс оценил дека се работи за национален срам, обвинувајќи ги Клинтонви дека го следат начелото „ако нема леб, нека јадат торта“.
Од славните лица на венчавката дошле актерот Тед Дансон како и Медлин Олбрајт, државната секретарка во администрацијата на Бил Клинтон.
Американските медиуми жалат бидејќи до деталите за венчавката било тешко да се дојде, бидејќи сите жители на Рајнбек биле обврзано да чуваат деловни тајни.
Новинарите, кои цел ден бараа славни лица, на крај останале прилично разочарани.
Двајцата младоженци биле пријатели како тинејџери во Вашингтон и како студенти на универзитетот Стенфорд. Сега живеат во сопствен стан во Њујорк/крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.