Свет
Кинеската армија започна голема воена вежба
Кинеската армија во вторник започна голем воена вежба на нејзините воздухопловни сили и противвоздушната одбрана, на која ќе учествуваат околу 10.000 припадници на армијата
Кинеската армија во вторник започна голем воена вежба на нејзините воздухопловни сили и противвоздушната одбрана, на која ќе учествуваат околу 10.000 припадници на армијата, што предизвика мобилизација кај воените планери од Њу Делхи до Вашингтон, пренесува Асошиејтед прес.
Во вежбата, која ќе се фокусира на одбрана на престолнината Пекинг од воздушен напад, ќе учествуваат 100 авиони од седум различни типови, како и противвоздушната одбрана.
Со овие вежби Кина цели да ја истакне својата способност да ги наметне своите територијални претензии врз Тајван и регионот на Јужнокинеското море.
Кина во последниве неколку години инвестира огромни средства во одбраната, со цел да го префрли тежиштето од копнените сили кон воздухопловите и проектилите, како и да ја поттикне својата растечка одбранбена индустрија . Според реномираниот Меѓународен институт за мировни истражувања од Стокхолм, минатата година вкупните расходи на Кина за 2,3-милионската Народно-ослободителна армија, вклучувајќи го и извозот и инвестициите во одбранбеното истражување и развој, изнесуваат околу 100 милијарди долари.
Кина во последниве неколку години набави поголема количина руски ловци-бомбардери „СУ-27“, кои се произведуваат под лиценца во Кина. Земјата ја разви и најновата генерација борбени авиони од домашно производство „Ј-10“, за кои нашироко се фали дека претставуваат пробив за нејзината одбранбена индустрија во процут.
Со ваквата опрема, како и со примената на поефективни методи на тренинг и тактики, значително се засилува воената способност на Кина, што предизвика сериозна мобилизација кај воените планери во околните земји, но и на големите светски сили. Се засилија и повиците за зголемена соработка на овие земји со армијата на САД.
Иако тензиите околу Тајван се намалија откако на власт на островот дојде влада која е релативно пријателски настроена кон Пекинг, Кина се повеќе реагира на воените активности на САД во близина на нејзиниот брег. Пекинг жестоко го критикуваше одржувањето на заедничката поморска воена вежба на САД и Јужна Кореја.
Овие активности се поклопуваат и со се поизразените намери на Кина да почне својата морнарица да ја испраќа се подалеку од матичниот брег, вклучувајќи го и бројот на бродови испратени да се борат против пиратеријата во водите на Сомалија, како дел од меѓународните сили. /крај/ап/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

