Свет
Од бушотината на БП истекле 780 милиони нафта
Околу 780 милиони литри нафта истекле од оштетената бушотина Депватер хоризонт на британската компанија Бритиш Петролеум во водите на Мексиканскиот залив, проценуваат експертите.
Околу 780 милиони литри нафта истекле од оштетената бушотина Депватер хоризонт на британската компанија Бритиш Петролеум во водите на Мексиканскиот залив, проценуваат експертите.
Како што соопшти заедничкиот совет на американско-британски експерти, вкупно 127 милиони нафта успешно се собрани.
Проценката се однесува на периодот од 20 април, кога се случи експлозијата на бушотината, до 15 јули, кога со поставување на голема купола се спречи истекувањето на нафтата.
„Експертите проценија дека вкупно 4,9 милиони барели нафта (780 милиони литри) истекле од бушотината“, се наведува во соопштението на тимот на експерти и американската влада.
„Но целото количество не заврши во морето. Со големи напори БП и американската управа успеаа да соберат 800 илјади барели нафта ( 127 илјади литри)“, се додава во соопштението.
Ова е проценка на горната граница на истечена нафта, иако според претходните проценки се споменуваше дека од бушотината истекло меѓу три и 5,3 милиони барели.
За споредба во претходната најголема еколошка катастрофа во американската историја, од танкерот Ексон Валдез покрај брегот на Алјаска во 1989 година истекле 41 милиони литри нафта. Ова е воедно и најголемо намерно истекување на нафтата во морето воопшто.
Досега најголемо истекување на нафта имало во 1929 година по експлозијата на бушотината Икстоц-1, исто така во Мексиканскиот залив, во близина на мексиканскиот брег, кога истекле 3,3 милиони барели нафта. Со таа бушотина управувала мексиканската државна нафтена компанија Пемекс./крај/хина/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Српските патници кои беа евакуирани од Дубаи: „Ни рекоа за 15 минути да се спакуваме“
Авион на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со 200 државјани на Србија слета утрово во Белград. Тоа е првиот лет кон Србија по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток.
Како што пренесе РТС, една патничка која утрово слетала во Белград патувала од Кенија преку Дубаи. Таа изјавила дека околу три часа ги „држеле горе на небото“, по што слетале.
Двојка од Бачка Паланка допатувала од Малдивите.
„Слетавме во Дубаи и патувањето требаше да продолжи понатаму. Авионот полета, кружеше некое време и повторно се врати на аеродромот во Дубаи од безбедносни причини. Во меѓувреме се случи тоа што се случи со Иран“, изјавиле патниците за РТС.
На прашањето дали почувствувале страв, тие одговориле дека не.
„Не, бевме сместени во еден хотел кој е на околу 20 километри од центарот на градот, така што слушнавме некои детонации, но не се плашевме, имавме прекрасна група“, велат тие.
„Прво се јавивме во нашата амбасада, која направи список на патници што се најдоа на аеродромот во Дубаи, дури и амбасадорот нè посети во хотелот и му благодариме за тоа. Имавме идеални услови во хотелот и чекавме да нè известат за враќањето, а буквално ни беше кажано за 15 минути да се спакуваме“, навеле патниците.
Свет
Бизнис лидери, менаџери, богати личности плаќаат и до 300.000 евра за евакуација од Блискиот Исток
Супербогатите елитни поединци и високи раководители на глобални компании плаќаат до 290.000 евра за приватни летови и теренски услуги за бегство од Блискиот Исток, поради ескалацијата на конфликтот со Иран.
Приватните безбедносни компании сега резервираат флоти од теренски возила за транспорт на евакуираните од Дубаи до Ријад, а потоа ги пренесуваат со приватни авиони, објави „Дејли Меил“.
Цената на приватен лет од Ријад до Европа достигнува до 350.000 долари, додека Саудиска Арабија стана клучна точка за излез од регионот откако иранските напади ги погодија ОАЕ, Катар, Бахреин и други земји.
Меѓу оние што бегаат се богати личности, бизнис лидери и менаџери на глобални финансиски компании, кои се нашле во опасна ситуација за време на одмори или службени патувања во регионот, според написите.
Ријад стана најважната точка за евакуација бидејќи аеродромот во главниот град на Саудиска Арабија е еден од ретките што сè уште функционира, додека другите аеродроми се затворени поради конфликтот.
Иако Саудиска Арабија не беше директно погодена од нападите за време на последниот бран на ескалација, ситуацијата брзо се менува.
Во вторник, најголемата рафинерија за нафта во светот, Рас Танура, беше погодена од ирански дрон, во она што се смета за значајна ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.
Нападот го зголемува ризикот за саудиската енергетска инфраструктура, која беше цел на слични напади во минатото.
Нападот врз Рас Танур следеше по нападите од минатиот викенд од ирански ракети и беспилотни летала што ги погодија богатите делови од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Абу Даби, Дубаи, Катар и Бахреин, кои досега се сметаа за безбедни.
Свет
Кипар итно ги предупреди граѓаните: „Подгответе храна, вода, лекови“
Кипарските власти издадоа предупредување за вонредни ситуации до своите граѓани и препорака секој да спакува „ранец за итни случаи“.
„Како превентивна мерка, направете си сопствен ранец за итни случаи со основни производи, кои лесно можете да ги транспортирате до засолништето, во случај надлежните органи да дадат соодветни упатства“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Кипар.
🎒 Σακίδιο Έκτακτης Ανάγκης
Δημιούργησε, προληπτικά, το δικό σου σακίδιο έκτακτης ανάγκης με βασικά προϊόντα, το οποίο θα μπορείς εύκολα να μεταφέρεις σε καταφύγιο, στο ενδεχόμενο που θα δοθούν σχετικές οδηγίες από τις αρμόδιες Αρχές. pic.twitter.com/BOc3T3hHZz
— Υπουργείο Εσωτερικών (@MinInteriorCY) March 3, 2026
На својот официјален Икс профил, Министерството објави и фотографии, кои детално опишуваат што треба да содржи „ранецот за итни случаи“.
Меѓу неопходните потреби се: вода, пари, производи за лична хигиена, топла облека, конзервирана храна, фенерче, лекови, прва помош, батерии и powerbank, свирче, преносливо радио, како и швајцарски нож.
Меѓу препораките, се наведува дека во ранецот треба да се спакува заштитна хируршка маска.
Кипарските власти изјавија дека Франција ќе испрати воен брод на Кипар за да помогне во зајакнувањето на одбраната на земјата од беспилотни летала откако беспилотно летало ја погоди британската воена база во Акротири на Кипар.
Медиумите потстеуваат дека во изминатите неколку дена имаше неколку напади врз британската воена база Акротири, кој се наоѓа на Кипар.
Еден дрон успеа да ја погоди базата и предизвика мала штета.
Вчера, борбени авиони пресретнаа најмалку два дрона кои ја таргетираа базата. Во еден момент, Меѓународниот аеродром Пафос беше целосно затворен поради опасноста, а на граѓаните што живеат во селата околу Акротири им беше советувано да не ги напуштаат своите домови.
Исто така, во вторник наутро, во базата беше огласен аларм, но по десет минути предупредувањето беше откажано.

