Свет
Површината на пожарите во Русија е намалена на половина

Вкупната површина на пожарите во централна Русија е намалена на половина во последните 24 часа, но се уште во земјата беснеат стотици пожари, соопшти министерството за вонредни ситуации.
Вкупната површина на пожарите во централна Русија е намалена на половина во последните 24 часа, но се уште во земјата беснеат стотици пожари, соопшти министерството за вонредни ситуации.
Во моментот во Русија горат пожари на површина од 92.700 хектари, јавуваат руските агенции. Се уште во земјата горат 612 пожари наспроти 557 пожари што гореа вчера, дополнува истиот извор.
Утрово во Москва врнеше слаб дожд и градот повеќе не е обвиен во задушлив чад. Метеоролозите сепак предупредија дека смирувањето на ситуацијата нема да потрае долго.
„Слабиот ветер го растера чадот од улиците на руската престолнина и температурите кои утрово се поподносливи, 20 степени Целзиусови, се очекува во текот на денешниот ден и до крајот на неделава да бидат три до пет степени пониски од температурите во последните денови“ соопшти директорот на метеоролошката служба Роман Вилфан.
Чадот кој заедно со горештината стана причина за двојно зголемување на смртноста во Москва, најверојатно повторно ќе се вратат.
„Шумските пожари не се изгаснати. Високиот атмосферски притисок и антициклонот ќе го вратат чадот во Москва“ дополни Вилфанд. Тој вели дека врнежите во последните денови нема да помогнат./крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.