Контакт

Свет

Паѓа довербата во европските институции

Објавено пред

Речиси половина од граѓаните на Европската Унија сметаат дека нивната земја профитирала од членството во Унијата, а довербата во европските институции паднала на 42 проценти, односно за шест проценти помалку во однос на минатата есен.

Речиси половина од граѓаните на Европската Унија сметаат дека нивната земја профитирала од членството во Унијата, а довербата во европските институции паднала на 42 проценти, односно за шест проценти помалку во однос на минатата есен.

Резултатите од истражувањето што го спровела европската агенција Евробарометар, покажуваат дека довербата на граѓаните на ЕУ во европските институции е на најниско ниво откако се спроведува анкетата.

Имиџот на ЕУ најдрастично е опаднат во очите на граѓаните на Грција, Кипар, Шпанија, Португалија, Романија, Италија и Луксембург и тоа од десет до 18 проценти во однос на минатата година.

Лошите резултати главно се припишуваат на зголемената невработеност и кризата на еврото. Всушност, невработеноста и натаму останува како најголема причина за загриженост на европјаните(48 отсто), а економската ситуација ги загрижува 40 проценти од жителите на Унијата.

Само 19 отсто од анкетираните ја гледаат Унијата како столб на демократијата. По ова прашање најкритични биле граѓаните на Финска, Велика Британија и Летонија, додека за европската демократија најдобро мислење имаат Романија, Бугарија и Кипар.

Истражувањето на Евробарометар е спроведено на примерок од 1000 испитаници во сите 27 држави-членки на ЕУ/крај/евб/бч



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Објавено пред

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол дека за спорот околу таа територија, која во 1990-те години прогласила независност од Азербејџан и во која Ерменците се мнозински народ, решението треба да се бара во преговорите под покровителство на копретседавачите на Минската група на ОБСЕ.

Тој вели дека на таквите преговори им е потребна „соодветна атмосфера“, пренесе ерменската новинска агенција „Армен прес“.

„ Според нас преговорите треба да продолжат со точката со која почнаа. Тоа е форматот на копретседавачката Минска група“ рекол Пашињан, но додал дека за преговорите е тешко да се зборува кога се во тек воени операции.

Затоа, како што додал, пред се треба да се спречи насилството.

„ Азербејџан би требало да признае дека конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Не започна со ништо. Долго време, азербејџанската влада спроведуваше анти-ерменска пропаганда и долго време се закануваше дека, спротивно на сите меѓународни повици, планира да го реши насилно проблемот со Нагорно Карабах“, нагласи Пашинијан.

Тој додаде дека се надева дека сега, кога, како што рече, не успеа да ги спроведе плановите на неговото воено раководство, Азербејџан ќе сфати дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение.

Претставниците на земјите од колективното претседателство на Минската група – Франција, Русија и Соединетите држави – вчера го повторија апелот на копретседателите на сите страни веднаш да ги запрат непријателствата и да ги продолжат преговорите со цел да се најде одржливо решение за конфликтот.

Прикажи повеќе...

Свет

Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Велика Британија

Објавено пред

Во последните 24 часа во Велика Британија се потврдени 7.143 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс досега.

Починало уште 71 лице, со што вкупниот беој на смртни случаи се искачи на 42.072.

Досега во земјата се потврдени 446.156 заболени од коронавирус.

Во Велика Британија на сила се рестриктивни мерки. Граѓаните излегоа на протест за да искажат незадоволство од мерките.

Прикажи повеќе...

Свет

Петро Порошенко објави дека е позитивен на Ковид-19

Објавено пред

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко на својот профил на „Фејсбук“ објави дека е заразен со коронавирус.

Тој вели дека поради тоа ќе остане дома да се лекува и дека се надева на брзо закрепнување. Тој, исто, така ги повика сите Украинци да се грижат за себе.

Порошенко (55) беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет14 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија15 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија15 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија15 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија18 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет18 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија19 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија20 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија20 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија21 час

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет21 час

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија21 час

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ22 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија23 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет23 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет24 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија1 ден

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет1 ден

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Досие