Свет
САД: Напаѓачот убиен, тројцата заложници спасени од Discovery Channel
Американската полиција го убила вооружениот напаѓач кој вчера ги држеше во заложништво тројцата заложници во седиштето на телевизискиот канал Дискавери Чанел (Discovery Channel) во Силвер Спринг во близина на Вашингтон.
Американската полиција го убила вооружениот напаѓач кој вчера ги држеше во заложништво тројцата заложници во седиштето на телевизискиот канал Дискавери Чанел (Discovery Channel) во Силвер Спринг во близина на Вашингтон.
Напаѓачот кој на себе имал прицврстено експлозивна направа, починал по ранувањето, пренесува Ројтерс.Според проценките на полицијата, сите тројца заложници, двајца вработени во Дисковери и лице од обезбедувањето во текот на заложничката драма биле во животна опасност. Тие при полициската интервенција неповредени се изведени од зградата во која инаку работат околу 1.9000 луѓе.
Како што е соопштено, нив во заложништво ги држеше Џејмс Ли, еколошки борец кој учествувал во серијата протести против активностите на медиумската кампања на Дисковери.
„Преговорите траеја неколку часа. Ли беше многу возбуден, очигледно сметаше дека има некои нерасчистени работи со Дисковери Чанел “, изјавил шефот на локалната полиција, Томас Мејнџер.
Пред заложничката драма, Ли се јави на интернет страницата SaveThePlanetProtest.com, барајќи од Дисковери да „престане да го поттикнува раѓањето деца, бидејќи се поголемиот број луѓе на планетата Земја ќе го уништи и загади и она малку што ни преостана“, пренесуваат американските медиуми.
Наведената интернет страница доцна ноќеска во средата кон четврток беше блокирана.
Дисковери Чанел е еден од телевизиските канали во сопственост на американската компанија „Discovery Communications“.крај/хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

