Свет
Талибанците и се закануваат на САД и Европа

Пакистанските талибанцисе заканија дека наскоро ќе извршат напади на САД и Европа, и упатија критика до Вашингтон бидејќи нивната група Терик- е- талибан (ТТП) ја ставил на листата терористички организации, пренесе Танјуг.
Пакистанските талибанци се заканија дека наскоро ќе извршат напади на САД и Европа, и упатија критика до Вашингтон бидејќи нивната група Терик- е- талибан (ТТП) ја ставил на листата терористички организации, пренесе Танјуг.
„ Одлуката на Америка да ја сврсти ТТП на листата терористички организации е знак дека се исплашиле.Тоа покажува дека САД и нејзините сојузници се исплашени од нас“, изјавил за Ројтерс еден од лидерите на ТТП.
Американскиот Стејт департмент во среда соопшти дека пакистанските талибани од групата ТТП ги запишал на црната листа на терористички организации, и дека кон лидерите на групата ќе се применуваат финансиски санкции и забрани за патување.
Американските конгресмени поднесоа барање ТТП да се стави на црна листа откако таа организација беше поврзана со неуспешниот обид за бомбашки напад на Тајмс Сквер на 1.мај годинава./крај/тн/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.