Свет
Експлозија во Владикавказ, најмалку 12 мртви
Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во централниот пазар во Владикавказ, a околу 80 се повредени,пренесуваат руските агенции, цитирајќи го министерството за внатрешни работи.
Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во централниот пазар во Владикавказ, a околу 80 се повредени,пренесуваат руските агенции, цитирајќи го министерството за внатрешни работи.
Полицијата го чистела пазарот од многуте пазарувачи и продавачи, стравувајќи дека е можна и втора подметната експлозија. Овој пазар инаку е еден од најголемите на кој доаѓаат продавачи и купувачи од целиот регион на Владикавказ.
Според последните извештаи, инцидент се случил во близина на главниот влез на пазарот каде експлодирала направа со моќност рамна на десет килограми тротил.
Агенцијата Интефакс пренесува дека бројката загинати се’ уште не е потврдена и дека има повеќе десетици ранети од експлозијата која се склучила во 11.30 часот по локално време. Полициски извор за агенцијата изјавил дека најверојатно станува збор за експлозивна направа со сатен механизам која се активирала кога на пазарот имало најмногу луѓе.
На местото на нападот пристигнал и претседателот на Северна Осетија, Тајмураз Мамсуров и другите високи републички функционери.
Најкрвавиот терористички акт на овој пазар се случи во март 1999 г., Тогаш загинаа 52 луѓе а 160 беа тешко ранети. За овој напад кој се случи во буквално истото време како и сега, Врховниот суд на Северна Осетија, осуди четворица напаѓачи, еден на доживотен затвор, двајца на 23 години и еден на 10 години затвор.
На пазарот „Фалој“ исто така во Владикавказ, на 10 ноември 2001 г., загинаа пет лица а повеќе од стотина беа ранети со различни степени на тежина.на повредите.
На 28 април 2002 г, во близина на централниот пазар во Владикавказ, во терористички напад животите ги загубија седум лица и неколку десетици луѓе беа повредени.
На 6-ти ноември 2008 г, во центарот на главниот град на Северна Осетија се случи силна во близина на влезот на централниот пазар, предизвикана од бомбаш-самоубиец кога загинаа 11 луѓе и 40 беа повредени./крај/ри/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски дипломат: На работ сме на договор за мир во Украина
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави во интервју за Еј-Би-Си дека верува оти страните во војната се „на работ“ на дипломатско решение што би го завршило руско-украинскиот конфликт.
„Подготвени сме да постигнеме договор“, рече Рјабков, додавајќи дека се надева оти спогодбата може да биде постигната „поскоро отколку подоцна“.
Неговите изјави доаѓаат откако претставници на американската администрација сигнализираа дека мировен договор можеби е поблизу од кога било, наведувајќи дека околу 90 проценти од спорните прашања веќе се решени.
И покрај оптимистичкиот тон, Рјабков повтори дека Русија не се откажува од контролата врз Крим, како и врз делови од украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев ги смета за неприфатливи услови.
Тој истакна дека Русија нема да прифати присуство на НАТО-сили во Украина, дури ни како безбедносна гаранција по завршувањето на војната.
Разговорите се водат со посредство на САД, како дел од мировната иницијатива на Белата куќа за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.
Свет
Мерц: САД се подготвени за обврзувачки безбедносни гаранции за Украина
САД се подготвени да преземат правни безбедносни гаранции слични на член 5 од Договорот за НАТО. Ова го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, цитиран од „News.LIVE“. Повоениот мир за Украина мора да биде обезбеден со материјални и правни гаранции од САД и Европа, нагласи германскиот канцелар Мерц, додавајќи дека сојузниците повеќе нема да ги повторуваат „грешките од Минските договори“.
Овие гаранции треба да бидат сеопфатни, истакна Мерц, додавајќи дека нивната специфична содржина ќе биде разгледана подоцна: „Во случај на нов напад од страна на Руската Федерација, Украина би можела да се одбрани не само сама, туку и со поддршка на оние земји што ќе ги преземат обврските“.
Според канцеларот, Европејците ѝ ги предале на Русија своите предлози за обезбедување безбедносни гаранции и „топката сега е во дворот на Москва“. Мерц го повика Кремљ да покаже дека навистина сака мир и да се согласи на целосно прекин на огнот со Украина за време на божиќните празници.
Веќе има сигнали од украинската страна и од водечките земји од ЕУ дека е можно на крајот да има договор меѓу САД и Украина за тоа како треба да изгледа идниот мир. Но, Русија сепак ќе мора да биде убедена, дури и ако Украина и САД на крајот постигнат договор за Донбас. Американската страна, исто така, била задоволна од тоа како се одвивале преговорите, тврди Ројтерс, врз основа на свои извори.
„Разговорите не се лесни, но се продуктивни“, коментираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и потврди дека Украина и САД имаат различни ставови за судбината на Донбас.
depositphotos
Свет
Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој го објави ова за време на заедничката прес-конференција со Фридрих Мерц на Германско-украинскиот економски форум, пренесува „Европејскаја правда“.
Тој нагласи дека САД дејствуваат како посредник во овие преговори.
„Секако, не сите прашања се едноставни. Постојат сложени работи, особено во врска со териториите. Секако, сите го покренуваат ова прашање. И тука е важно сите ние да работиме на тоа ваквите прашања да се решат апсолутно праведно. Дијалогот за териториите не беше доволен и ми се чини дека досега имаме различни позиции, да бидам искрен, но мислам дека колегите го слушнаа мојот личен став“, рече Зеленски.
Во исто време, тој истакна дека е постигнат напредок по многу прашања за време на неодамнешните преговори.
„Навистина имаше напредок по многу прашања. Искрено, не знам како Русија ќе го перцепира ова – во однос на релевантните резултати од нашите разговори“, нагласи украинскиот шеф на државата.
Во Берлин се одржа состанок на украинската делегација предводена од Володимир Зеленски со претставници на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф денес објави значителен напредок во преговорите.
depositphotos

