Свет
Уште десет мртви во Северен Кавказ
Во судирите помеѓу полицијата и осомничените милитанти во рускиот Северен Кавказ загинаа уште десет луѓе, соопштија локалните власти пренесува Асошиејтед прес
Во судирите помеѓу полицијата и осомничените милитанти во рускиот Северен Кавказ загинаа уште десет луѓе, соопштија локалните власти пренесува Асошиејтед пресДо судирите помеѓу полицијата и милитантите дојде по експлозијата на бомба на пазар во градот Владикавказ во Северна Осетија во четврток, во која загинаа 17 луѓе, а преку 140 беа ранети. Во сојузната република Дагестан полицијата убила четворица осомничени милитанти, кој се забарикадирале во куќа во селото Мекарги. Тројца полицајци загинале во нападот. Полицијата убила уште еден милитант на границата со Азербејџан, а во друг напад се убиени еден локален полицаец и еден чувар на затвор. Засега никој официјално не ја презеде одговорноста за крвавиот напад од четвртокот, но безбедносните служби се сомневаат на исламските милитанти од регионот, кои делуваат во сите соседни кавкаски републики, вклучувајќи ги и Дагестан, Ингушетија и Чеченија.. Етнички разновидниот Северен Кавказ е повеќе години опседнат со насилство, кое потекнува од исламистичкото востание во Чеченија, но е додатно поттикнато од тешката сиромаштија, огромната корумпираност на државните службеници и наводните бесправни егзекуции, киднапирања и мачења од страна на припадниците на силите на редот. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

