Свет
Полицијата во Кашмир пука без предупредување
Индиската полиција патролира по улиците на Кашмир со наредба да пукаат во секого кој ќе се обиде да го прекрши ригидниот полициски час, воведен еден ден откако во судирите помеѓу полицијата и демонстрантите загинаа 19 луѓе, јавува Асошиејтед прес
Индиската полиција патролира по улиците на Кашмир со наредба да пукаат во секого кој ќе се обиде да го прекрши ригидниот полициски час, воведен еден ден откако во судирите помеѓу полицијата и демонстрантите загинаа 19 луѓе, јавува Асошиејтед прес Регионот беше опфатен од антииндиски демонстрации во текот на целото лето, но вчерашните судири, додатно испровоцирани од најавата за палење на Куранот во САД, беа најлоши до сега. Во обид да спречат уште една рунда насилства, полицијата и паравоените единици патролираат по напуштените улици на градовите во индискиот дел на Кашмир и со мегафони најавуваат дека оние кои ќе го прекршат полицискиот час ќе бидат веднаш застрелани. Сепак, група демонстранти излегоа на улиците на градот Барамула, северно од главниот град на кашмир, Сринагар и фрлаа со камења по полицијата. Полицијата реагираше со стрелање во воздух и со солзавец, при што беа повредени тројца демонстранти. Регионот со месеци е опфатен од постојани антииндиски демонстрации на претежно муслиманското население, во кои во текот на летото загинаа најмалку 88 луѓе. Регионот кашмир е поделен помеѓу Индија и Пакистан, аи двете држави тврдат дека е целосно нивни. Од создавањето на двете држави пред 60 години, тие четири пати воделе војни за овој регион. Од 1989 година во регионот трае сепаратистичко востание, во кое до сега загинаа околу 68.000 луѓе. Иако вооруженото востание е, главно, потиснато, регионот и натаму е огромно присуството на армијата, со контролни пунктови на сите главни патишта. Исто така, во регионот се стационирани десетици илјади индиски војници, а суровите закони на вонредната состојба се уште важат, што придонесува кон тензиите помеѓу населението и аријата. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

