Свет
Московскиот градоначалник ќе ја тужи државната телевизија за клевета
Градоначалникот на руската престолнина Јуриј Лужков, потврдил дека има намера да ја тужи државната телевизија, која деновиве емитуваше бројни прилози со остри критики за него, пренесува Интерфакс.
Градоначалникот на руската престолнина Јуриј Лужков, потврдил дека има намера да ја тужи државната телевизија, која деновиве емитуваше бројни прилози со остри критики за него, пренесува Интерфакс.
„Прво, за жал, јас сум вовлечен во валканиците кои доаѓаат од страна на медиумите, што очигледно е предмет на нечија наредба. Второ, јас сосема спокојно ќе поднесам тужба“, изјавил првиот човек на Москва, Јуриј Лужков одговарајќи на прашања од новинарите во саботата, по одржувањето на Генералниот совет Федерацијата на независни синдикати на Русија (ФНРП).
Неколку федерални телевизиски канали неодамна емитува прилози со остри критики за московскиот градоначалник и неговата сопруга Елена Батурина. Посебно остар беше прилогот во популарната емисија на државната НТВ „Вонредна состојба. Истрага“, по што следеа критики за сообраќајниот метеж на Москва.
Московската локална влада веќе најави дека ќе подготви барање од судовите за негативни наводите против градската администрација и градоначалникот. Прес-службата на федералните телевизиски канали, пак, издаде соопштение дека телевизиите се подготвени да обезбедат доказ за веродостојноста на изнесените информации.
Лужков претходно изјави дека ја оценува целата медиумска кампања против него како клевета./крај/инетрфакс/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По 2.000 долари на сите американски граѓани, им ветува Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social.
Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА.
Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ќе донесат „трилиони долари“ кои наскоро ќе можат да се искористат за намалување на огромниот државен долг.
– Луѓето кои се против царините се будали! напиша тој, додавајќи дека Соединетите Држави се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот“, со „речиси никаква инфлација и рекорден берзански индекс. „
Американскиот претседател и претходно ја спомена идејата за исплата на пари на граѓаните, но тогаш не ја реализираше.
Свет
Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети
Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети.
Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила.
Во соседната Воронежка област, која се граничи со Белгород на исток, гувернерот Александар Гусев исто така пријави ракетни и напади со дронови, наведувајќи дека противвоздушната одбрана пресретнала дел од дроновите.
Пожар во едно општинска постројка бил брзо изгаснат, иако непотврдени извештаи на социјалните мрежи тврдат дека била погодена градската комбинирана термоелектрана.
Гусев предупреди дека делови од Воронеж би можеле привремено да останат без струја и да имаат прекини во греењето. Тој исто така пријави оштетувања на објекти на една градежна компанија и неколку возила. На жителите им беше препорачано да се засолнат во бункери како мерка на претпазливост.
Во градот Таганрог во Ростовската област исто така имаше извештаи на социјалните мрежи за експлозии и прекини на електрична енергија.
Во меѓувреме, Украина соопшти дека претрпела десетици напади, нарекувајќи ги едни од најжестоките руски ракетни и напади со дронови врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на војната.
Од 69 напади со дронови, 34 биле одбиени, според украинските власти. Ден претходно, Русија изврши напади со 458 дронови, 45 ракети и крстосувачки проектили.
Народот на Украина и понатаму е сериозно погоден од прекини на струја, греење и топла вода, пренесе ДПА.
Свет
Три лица загинаа, а 15 се повредени откако Тенерифе го погодија џиновски бранови
Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА.
Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе.
Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината националност, но нејзината точна возраст сè уште не е потврдена.
Инцидентот се случи вчера попладне во Пуерто де ла Крус, град на северниот брег на Канарскиот Остров, кога силата на брановите ја однеле неа и уште девет лица во водата.
Полицајците и случајните минувачи успеале да ги извлечат сите на брегот. За жал, Холанѓанката доживеала срцев удар и починала и покрај обидите за реанимација од страна на болничарите на местото на настанот.
Останатите девет лица, меѓу кои и тројца француски туристи, се пренесени во болница со различни повреди, од кои некои се сериозни.
Втора жртва е пријавена во Чарко дел Виенто, на околу 15 километри западно од Пуерто Ла Крус. 43-годишен Шпанец паднал во морето додека ловел риба.
Тој бил брзо спасен со хеликоптер, но болничарите можеле само да ја констатираат неговата смрт, според весникот „Ел Дија“. Властите веруваат дека најверојатно бил удрен од џиновски бран, иако немало очевидци.

