Свет
Мавританската армија ликвидира 12 борци на Ал Каеда

Припадници на војската на Мавританија ликвидирале 12 припадници на терористичката мрежа Ал Каеда во исламскиот Магреб на границата со Мали, јави Reuters повикувајќи се на воени извори.
Припадници на војската на Мавританија ликвидирале 12 припадници на терористичката мрежа Ал Каеда во исламскиот Магреб на границата со Мали, јави Reuters повикувајќи се на воени извори.
Според агенцијата, судирот меѓу војниците и милитантите започнал во пограничниот пустински регион уште во петокот во рамките на специјалната операција спроведувана од мавритански вооружени сили, а борбите продолжиле и во сабота.
Мрежата на Ал Каеда во исламскиот Магреб претходно беше позната како Салафитската група за проповед и за џихад. Во 2007 г., по соединувањето со меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда, оваа група го измени и името под кое се јавува.
Оваа северно-африканска ќелија на Ал Каеда е најопасната екстремистичка организација која дејствува во сите земји од регионот. Нејзините припадници изведуваат особено дрски и насилни напади во Алжир, Мавританија и Тунис.
Терористите се сокриваат од безбедносните сили на трите држави во ретко населените области на Сахара на тромеѓето на границите на Алжир, Мали и Нигер, каде често навлегуваат од територија на една на територија на друга држава бегајќи пред војската и полицијата./крај/ројтерс/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Разговарав со Путин, го повикав да им ги поштеди животите на украинските војници во Курск

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, тврдејќи дека има големи шанси на оваа ужасна крвава војна, конечно, да ѝ дојде крајот.
Трамп исто така рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск барајќи од рускиот лидер да ги поштеди нивните животи откако наводно биле опколени од руските сили.
„Вчера, имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна крвава војна, конечно, да заврши“.
„Но, во овој момент илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во многу лоша и ранлива состојба. Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!!“, рече Трамп.
Свет
„Политико“: Мерц постигна договор со Зелените отворајќи го патот за огромни вложувања во одбраната

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц постигна договор со Зелените за огромен план за трошење, кој ќе пренасочи стотици милијарди евра за одбрана и инфраструктура, дознава „Политико“ од луѓе запознаени со преговорите.
Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), претходно овој месец склучи договор со Социјалдемократската партија (СПД) за ефикасно ослободување на трошоците за одбрана од строгите одредби на уставната сопирачка за долг и создавање специјален фонд од 500 милијарди евра за финансирање инфраструктурни проекти надвор од нормалното буџетско трошење во следната деценија.
Меѓутоа, за законите да поминат во парламентот, на Мерц му требаше поддршката од германските Зелени, од кои досега ја немаше. Денешниот очигледен договор го отвора патот мерките да бидат усвоени во Бундестагот во вторник.
Деталите за пробивот со Зелените сѐ уште не се јасни денес, но луѓе запознаени со преговорите велат дека е постигнат широк договор за пакет-трошоците, пишува „Политико“. Договорот ќе означи голем чекор подалеку од децениското фискално ограничување на Берлин, со цел да се ослободи масивното трошење за да се зајакне одбраната и да се поттикне германската економија.
Зелените начелно се согласија со планот на Мерц откога ги обезбедија обврските за заштита на трошоците поврзани со климата, според луѓе запознаени со преговорите.
Свет
Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи.
„Покварениот Џо Бајден нè внесе во вистински хаос со Русија (и сите други!), но јас ќе ја извлечам ситуацијата. Милиони луѓе умреа без потреба за никогаш повеќе да не се видат… И многу други ќе умрат ако не го завршиме и потпишеме прекинот на огнот и да има конечен договор со Русија.
Немаше да има војна да бев претседател. Тоа, едноставно, 100 проценти, не би се случило. Исто така, немаше да има 7 октомври со Израел, повлекувањето од Авганистан ќе беше силно и гордо и немаше да биде најсрамниот ден во историјата на нашата земја, тоа можеше да биде момент на слава“, напиша Трамп на „Трут соушал“.
„Исто така, немаше да има забележлива инфлација – наместо тоа, имаме рекордна инфлација што ја уништува земјата каква што досега не сме виделе“, рече Трамп.
Ќе имаме и непробојна граница, со многу малку илегалци што влегуваат. Ах, каква разлика ни направија наместените и нефер избори, а луѓето што ни го направија тоа треба да завршат во затвор!“, додаде тој.
Оваа најава доаѓа додека се чека конкретен одговор од Русите дали ќе се согласат на 30-дневен прекин на огнот.
За време на состанокот со американските претставници во Џеда, Саудиска Арабија, Украинците рекоа дека се подготвени да се согласат на прекин на огнот.