Свет
Најдени три тела на членови на изборната комисија на Авганистан
Телата на три службеници на изборен центар се најдени во недела од полицијата во северната авганистанска провинција Балх, соопштил на прес-конференција во Кабул, претседателот на Централната изборна комисија, објави Reuters.
Телата на три службеници на изборен центар се најдени во недела од полицијата во северната авганистанска провинција Балх, соопштил на прес-конференција во Кабул, претседателот на Централната изборна комисија, објави Reuters.
Како што пренесуваат агенциите, претседателот на Независната централна изборна комисија на Авганистан, Фазил Ахмад Маанави дека тројцата службеници на еден избирачки центар биле претходно грабнати и однесени во непознат правец од страна на бунтовниците.
Според изложените податоци, во саботата на денот на авганистанските парламентарни избори талибанците извршиле повеќе од 300 различни обиди со напади и терористички дејствија за да го нарушат изборниот процес, при што загинале меѓу 15 и 22 цивили.
Пред изборите талибанците ги предупредуваа избирачите и службениците на избирачките комисии дека тие може да бидат цели на напади.
Во саботата, на 18-ти септември се одржаа парламентарните избори во Авганистан, од кои првичните резултати ќе бидат објавени на 9-ти октомври а конечните на 30-ти октомври./крај/reuters/ сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

