Свет
Адвокатка си ги убила мажот и синот и тргнала во крвав поход
Германските медиуми дознаваат дека крвавиот поход што се случи вчера во градот Лорач, го направила 41 – годишната адвокатка Сабина Р. Растроената жена уби тројца, а рани толку пред да ја застрелаат специјалците.
Германските медиуми дознаваат дека крвавиот поход што се случи вчера во градот Лорач, го направила 41 – годишната адвокатка Сабина Р. Растроената жена уби тројца, а рани толку пред да ја застрелаат специјалците.
Германските медиуми пишуваат дека крвавата драма започнала прво во станот на адвокатката, каде се пронајдени телата на поранешниот сопруг и на нивниот седумгодишен син. По се изгледа дека прво се случила експлозија во станот, а потоа се слушнале и истрели, тврдат очевидците. Некои медиуми пишуваат дека од експлозијата се ранети дури 15 станари на зградата.
Сабина по експлозијата излегла од станот и тргнала кон најблиската болница Света Елизабета и по пат застрелала двајца минувачи. Освен пиштол, Сабина носела и нож, пишуваат германските медиуми.
Во болницата, Сабина убила еден пациент, а тешко ранила и еден полицаец кој се нашол во болницата, пред да ја усмртат специјалците.
Полицијата најави дека службените резултати на истрагата ќе ги објави во понеделник. Првичните информации говорат дека сопругот ја оставил пред неколку недели и дошол да ја посети со синот. крај/нет.хр/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

