Свет
Ештон бара зголемен буџет за дипломатската служба
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон побарала буџетот за нејзиниот ресор да биде зголемен за осум отсто, со оглед на намалувањето на трошоците на повеќе министерства за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, пишува „Дејли Телеграф“.
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон побарала буџетот за нејзиниот ресор да биде зголемен за осум отсто, со оглед на намалувањето на трошоците на повеќе министерства за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, пишува „Дејли Телеграф“. Ештон смета дека дипломатската служба на ЕУ има потреба од дополнителни 34 милиони евра. Овие пари би биле употребени за плати на вработените, како и за покривање на трошоци во централата во Брисел. Со овие средства, вкупниот буџет на дипломатската служба би достигнал околу 472 милиони евра. Барањето на Ештон предизвика многу критики кај европратениците. Според британскиот парламентарец, Чарлс Танок, барањето на Ештон доаѓа во момент кога и во самата Велика Британија се воведуваат посторги економски мерки. Според него, постојат начини дел од расходите на дипломатската служба на ЕУ да бидат безболно намалени. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

