Свет
Италијанската мафија откупува добитни лото ливчиња
Италијанската полиција со истрага утврдила дека мафијата во оваа држава ги откупува добитните лото ливчиња за да може на тој начин да испере големи количества пари заработени од шверц на кокаин.
Италијанската полиција со истрага утврдила дека мафијата во оваа држава ги откупува добитните лото ливчиња за да може на тој начин да испере големи количества пари заработени од шверц на кокаин.
Полициските инспектори во јужна Калабрија денеска соопштија дека мафијата во таа област за осум милиони евра се обидела да го откупи добитното лото ливче на националната лотарија, купено во трафика чиј сопственик е зет на еден од членовите на мафијата, пренесува Асошиејтед прес.
Полицијата соопштува дека мафијата му понудила на анонимниот добитник на лото осум милиони евра. Станува збор за валкани пари, тврди полицијата.
Според италијанските закони, сите кои располагаат со поголема количина пари мораат да го докажат неговото потекло, а со купувањето на добитното лото ливче мафијата би ги испрала валкано стекнатите пари. /крај/ап/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

